НАТО загрижен за сириското хемиско оружје
24 април 2013Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен оцени дека ситуацијата во Сирија „драматично е влошена“. „Несфатливо е што гледаме во Сирија. Тоа е вистинска трагедија за земјата, за сирискиот народ, тоа е опасност за регионалната безбедност и стабилност“. Претседателот Башар ел Асад би требало да ги исполни легитимните барања на сирискиот народ, оцени Расмусен без притоа да побара директна оставка на Асад. Заедницата на држави би морала „да испрати сосема јасна и едногласна порака до сирискиот режим“. Меѓутоа колку таа порака не е едногласна се почувствува и во седиштетот на НАТО во Брисел. Имено во рамките на НАТО-Русија советот присутен беше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров ја обвини сириската опозиција дека ги одбивала обидите за дијалог со владата. Русија и натаму се придржува до Асад и заедно со Кина ги блокира обидите на ниво на ОН да се преземат мерки против Асад.
Кери: Хемиското оружје може да западне во погрешни раце
НАТО својата улога во сирискиот конфликт има намера строго да ја ограничи на одбрана на својата членка Турција и воено да не интервенира во Сирија. За тоа немало ниту мандат. За заштита на Турција сојузот на пример стационираше одбранбени ракети од типот „Патриот“ на турско-сириската граница. Во тоа учествува и германскиот Бундесвер. Расмусен во однос на употребата на ракети во Сирија и гласините за употреба на хемиско оружје предупреди: „ Ако проблемите не бидат решени, би можело директно да ја загрозат нашата безбедност. Оттука и натаму ќе бидеме особено будни“. Новиот американски државен секретар Џон Кери, кој за првпат како министер учествуваше на седицата на НАТО, опомена дека НАТО треба да внимава од опасноста, дека во случај на распад на режимот на Асад хемиско оружје би можело да падне во рацете на екстремистите. Дотолку важен е дијалогот со демократски ориентираните групи за политичко решение.
Германија веќе даде ветувања за Авганистан по 2014 година
Наспроти ова речиси неспорни се натамошните чекори во Авганистан. НАТО сака да го заврши тамошниот борбен ангажман до крајот на 2014 година. Но, и потоа има намера да остане во земјата како советник, обучувач и подржувач. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле на пролетното заседание на НАТО во Брисела изјави дека Сојузот не сака да дозволи Авгнистан да биде препуштен сам на себе и „не сака да остави вакуум“. Во поинаков случај би била преголема опасноста „таму повторно да израсне сигурно пристаниште за тероризмот“. Германија е првата НАТО земја која уште сега се изјасни во кој опсег сака да помогне, имено со 600 до 800 војници. Според Вестервеле и „за другите земји е важно да знаат, за што се подготвени Германците, за од своја страна да можат да се советуваат, што можат да придонесат“.
Неговиот холандски колега Франс Тимерманс наспроти ова соопшти дека неговата влада по ова прашање „процесот на донесување на одлука ќе го започне, откако ќе знаеме кои се американските планови“.
Гренералниот сектретар на НАТО Расмусен исто така не ја исклучи целосно можноста во политичкиот процес на помирување во Авганистан да се вклучат и талибанците. За тоа мора да бидат исполнети три предуслови. Прво правецот мора да го дава авганистанската влада. Второ сите групи кои учествуваат би морале целосно да го почитуваат уставот на Авганистан. Тоа се подразбира ги вклучува и почтивањето на човековите права и правата на жените. И трето, талибанците би морале да ги прекинат сите врски со терористичките групи. „Доколку бидат исполенти условите, треба да дадеме шанса“, изјави Расмусен.