1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО загрижен поради руската војска на украинската граница

ЖА/миа/ртре25 март 2014

Генералниот секретар на Северноатлантската Алијанса Андерс Фог Расмусен изјави дека вратите на НАТО остануваат отворени, одлука за прием на нови членки се носи без „трети земји“.

Фотографија: Reuters

Вратите на НАТО остануваат отворени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

„Однесувањето на Русија нема да се одрази на нашата политика на отворени врати“, нагласи тој цитирајќи го Договорот од Вашингтон, според кој, Алијансата може да ги покани европските демократии да се приклучат, доколку ги исполнуваат потребните показатели.

„Одлуката за проширување се носи внатре во Алијансата, без учество на ’трети’ земји. Тие прашања се решаваат меѓу кандидатот за членство и НАТО. Доколку има целосно одобрение во НАТО за прием на одредена држава, може да се овозможи проширувањето. Ниту Русија, ниту која било друга надворешна земја, не можат да влијаат на тој процес“, рече Расмусен, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со Украина.

На прашањето како се подготвува НАТО во врска со информациите за распоредување на дополнителни руски воени единици долж границата меѓу Русија и Украина, Расмусен посочи дека Алијансата никогаш не ги коментира своите планови за борбена готовност.

„Мошне сме загрижени поради распоредувањето на руски војници долж границата со Украина, ги имаме сите неопходни планови за ефективна заштита на нашите членки“, рече Расмусен, додавајќи дека во разговорите со Украина се разгледуваат начините на кои може да ѝ се помогне на земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми