1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и здодевниот чичко Трамп

Макс Хофман
13 јули 2018

Тоа што претседателот на САД го приреди на НАТО самитот, им штети на сите- пред сѐ на него самиот. Во странство, дома и што се однесува до остварување на неговите цели, смета Макс Хофман.

Belgien Brüssel Pressekonferenz Donald Trump
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Многумина го знаат: чичкото кој нервира, кој се појавува на сите семејни собири и таму цел ден зборува исти бесмислици. Некако таму му е местото, но никој повеќе не го доживува сериозно. Таквите чичковци, меѓутоа, по правило немаат команда врз најголемиот нуклеарен арсенал и врз најмоќната војска во светот. На земјите членки на НАТО, значи, не им е воопшто лесно.

Сепак, Доналд Трамп е близу до тоа кај своите НАТО партнери да влезе во слична категорија на здодевен чичко. Како на пример Германија да го сфати сериозно, кога наутро се возбудува поради купувањето гас од Русија, попладне тврди дека двете земји имаат „многу, многу добри односи“, навечер во светот испраќа злобен твит, за на завршната конференција за новинари повторно да ја фали Германија. Тоа се стап и морков на спид.

Секогаш иста приказна

Освен тоа, претседателот на САД навистина речиси секогаш има иста приказна. Открива додуша нови нијанси, но кога станува збор за НАТО всушност исклучиво му се важни парите. Останатите сојузници конечно би требало да платат колку што треба, инаку... Да, има ли уште нешто? Тоа не сака точно да го каже, но рубљата, извинете, доларот конечно би требало да се врти. Без разлика што сите уште во 2014 година, значи пред тој да стане претседател, ги зголемија давачките за одбрана. Луто, Трамп секогаш удира на исто место. На шефовите на влади, како Ангела Меркел, им преостанува само да сигнализираат: тоа одамна го сфативме (и работиме на тоа).

Повеќе:

-НАТО-самит во паралелениот универзум на Трамп

-Трамп и Континенталниот Балкан

-Трамп со отровни забелешки за Северен тек 2

Да не зборуваме за невистините, кои ги зборува за своите јуначки дела или за САД: финансискиот придонес на САД за НАТО изнесува 90 отсто. Од што точно 90 отсто? Од НАТО буџетот? Делот на САД е малку над 20 насто. И со најдобра волја, не е возможно да се најде категоријата во која САД самите сносат 90 отсто од товарот. Имајќи го тоа предвид, кој воопшто сака да го слуша тој чичко Сем? Вистина: речиси никој. И токму тоа почнува да се случува во НАТО.

Макс Хофман, автор на коментарот

Истрошената рака на Трамп

Трамп се троши. Поради своите, секогаш исти пораки, останатите НАТО партнери наскоро ќе почнат само да му одмавнуваат. По системот: ние работиме што можеме, но ако тоа не е доволно, тогаш остави нѐ. Тоа додуша би бил крај за оваа Алијанса, но Канада и Европа нема да дозволат Трамп постојано да ги притиска. Со тоа претседателот на САД ја истроши својата рака- неговото најголемо стретство за притисок веќе не би било ефикасно.

Ни дома Доналд Трамп веројатно нема полза од заканата дека САД можат да работат само по свое. Бидејќи дури и меѓу неговите избирачи, земјите како Германија и Велика Британија важат за блиски сојузници. Туку-така да го доведува НАТО во прашање, би можело на многумина да им пречи. Затоа Трамп никогаш и не зборува за воена смисла на Алијансата- нему само му е важен само бизнис делот. Тој смета дека се разбира во тоа. И затоа повикот за „нефер“ третман кај многумина негови избирачи наидува на поддршка.

Сметката ќе ја платат САД

Американскиот претседател на располагање има само едно оружје- еден голем боздоган. Тој можеби помогна да се придвижат НАТО партнерите и да се создаде чувство оти итно е неопходно да се зголемат давачките за одбрана. Но, за иднината тоа оружје воопшто не е соодветно. Тоа само ќе го разбие она што тој (можеби) го започна. А партнерите од Алијансата тоа нема да го заборават. Ако за неколку години воено можеби навистина застанат на свои нозе, ќе се сетат на тоа. Тогаш САД (можеби повторно без овој претседател) ќе ја  добијат сметката затоа што Трамп го прокоцка угледот.

Дури и ако одделни Американци го слават претседателот на неговата уривачка турнеја: во интерес на земјата не може да биде тоа што Трамп го стори на НАТО самитот во Брисел. Останува надеж дека мнозинството од граѓаните во САД веројатно ќе забележат оти најдоцна сега никој повеќе не верува и нема доверба во нивниот претседател. Некогаш, во блиска иднина никој повеќе нема ни да го слуша. Како чикото кој нервира на семејните собири.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми