1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и Македонија

Александар Чомовски10 февруари 2006

Македонија како земја кандидат во иднина ќе треба да испраќа поголеми армиски контингенти во мировните мисии на НАТО. Ова го порача политичката ревизорска група на Алијансата, која три дена ги оценуваше реформите во одбраната во Македонија.

НАТО одново ќе ја тестира македонската лојалност кон Алијансата. Овојпат со барања за побројно учество на АРМ во светските мировни мисии на Алијансата. Не е исклучено околу 1000 војници од Македонија да бидат распоредувани во Авганистан, помалку во Ирак но дури по 2007 година. Дали овој предлог ќе се реализира ќе зависи од ставот на САД, каде ќе патува македонската шефица на дипломатијата Илинка Митрева.

„Барањата особено во делот на учествотот во мисиите, мисиите предводени од НАТО, што се поставуваат пред Република Македонија се идентични со оние барања што се поставуваат пред земјите членки на НАТО. НАТО Алијансата во скора иднина ја гледа Република Македонија, како своја полноправна членка.“ рече министерот за одбрана Јован Манасиевски.

И ако постојат надежи дека на самитот на НАТО во Рига ќе биде определен рок за прием на јадранската тројка, сепак пораките од Брисел се резервирани.

Македонските успешни одбрамбени реформи ќе бидат само забележани на наредниот самит на НАТО во Литванија. Можете да бидете задоволни од постигнатите промени во АРМ и системот за одбрана рече Роберт Симонс, заменик на генералниот секретар на НАТО. По тридневната ревизија, овој политички функционер кажа:

„Се надеваме дека ќе продолжите со реформите во правосудството и полицијата, и дека тие ќе успеат во спроведувањето на законот.“ рече Симонс.

Гостинот од Брисел сепак одмерен, не очекувајте покана за прием пред 2008 година.

Симонс и Манасиевски иако со загриженост ја следата состојбата на Косово, не очекуваат насилства со кои може да се справи и КФОР, рече во Скопје политичкиот водач на делегацијата на НАТО. Таа три денови ја анализираше македонската реформска ориентација и постигнатите резултати во АРМ, но со забелешка за бавните реформи во политичко – економскиот систем.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми