1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и Русија: Спротивни ставови за кризата во Украина

АТ/ дпа2 јуни 2014

За првпат по речиси три месеци денеска во Брисел се одржа средба на советот НАТО-Русија. По средбата беше соопштено дека ставовите околу кризата во Украина се сосема спротивни.

Фотографија: Reuters

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, рускиот амбасадор во НАТО Александер Грушенко и амбасадорите на 28-те сојузнички земји денеска во Брисел разговараа за последиците од кризата во Украина и односите меѓу Алијансата и Москва.

НАТО и Русија и натаму имаат спротивни ставови по однос на воените активности на Москва во Украина. „Јасно е дека има различни гледишта за оваа криза, за нејзините причини и за моменталните можности за решение“, појасни денеска генералниот секретар на Северноатлантската Алијанса Андерс Фог Расмусен по состанокот на советот НАТО-Русија. Неговата портпаролка Оана Лунгеску говореше за „отворена размена на мислењата“. Таа рече дека било „сосем јасно дека сфаќањата за кризата се спротивни“.

Рускиот амбасадор во НАТО Алекнсадер Грушенко побарал оддржување на оваа седница на советот НАТО-Русија.

НАТО на почетокот на април донесе одлука да ја прекине воената соработка со Русија и да ја замрзне работата на советот НАТО-Русија формиран во 2002 година.

Утре министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе се советуваат околу можноста за зајакнување на присуството на НАТО на истокот на територијата на сојузот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми