1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

НАТО планира нови трупи за брза интервенција

ЖА / агенции
2 јуни 2018

Поради можни провокации од страна на Русија, НАТО планира ново персонално екипирање - зајакнување на единицата за брзи интервенции од 30.000 војници

Polen NATO Manöver Response Force (NRF)
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Skarzynski

НАТО-членките,  поради евентуални закани од руска страна,  планираат зголемување на подготвеноста за акции на нивните трупи. Актуелно дискутираните планови предвидуваат ангажирање на дополнителни 30.000 војници во рок од 30 дена, доколку дојде до кризна ситуација. Соодветно треба да биде подобрена и спремноста на НАТО-воените бродови и авиони.  Трупите со зголемена спремност за акција  во сериозен случај би требало да бидат поддршка на НРФ, НАТО-единицата за брзи интервенции. Таа е составена од 20.000 војници и е со посебно брза мобилност, а во нејзиниот состав партиципираат секоја година различни членки на Алијансата. Кон тоа се надополнува резервен состав до 20.000 натамошни војници.

За плановите, иницирани од САД, на викендов извести „Велт ам зонтаг“, а претходно беа тематизирани во „Ворлд стрит џурнал“. На средба на министрите за одбрана на членките на НАТО на крајот на идната недела во Брисел е предвидена натамошна доразработка на намерата, а потоа и на самитот на Северноатлантската алијанса кој исто така ќе се одржи во Брисел, на 11. и 12. јули.

„Во моментов рагледуваме различни мерки со кои ќе биде зголемена ударната готовност на воените сили на НАТО, со цел при потреба тие да можат брзо да бидат прерапосредени. НАТО мора да биде во состојба да обезбеди веродостојно одвратување од напад и одбрана“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг во понеделникот на маргините на посетата во Варшава.

Вашингтон, откако Доналд Трамп ја презеде претседателската функција, масивно врши притисок врз Европејците да ги покачат издатоците за одбрана.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми