1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО подготвен да и‘ помогне на Украина

БГ/афп8 август 2014

Генералниот секретар на НАТО, Расмусен во Киев порача дека Алијансата е подготвена да и‘ помогне на Украина со „советници и поддршка“ против проруските бунтовници.

Фотографија: Reuters

НАТО е подготвен да ја зголеми помошта за Украина поради руската „агресија“, порача генералниот секретар на воената алијанса, Андерс Фог Расмусен. Тој ја повика Русија да ги повлече трупите од границата со Украина.
„Русија продолжува да ја дестабилизира Украина и да ги поддржува сепаратистите“, рече Расмусен на прес-конференција во Киев и додаде дека уривањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ ги покажува „последиците од таа поддршка“.

НАТО последниве денови искажува вознемиреност поради зголемувањето на руското воено присуство на украинската граница, кое порасна од 12 илјади војници на средината на јули, до 20 илјади деновиве. Во НАТО стравуваат дека Русија би можела воено да интервенира на истокот на Украина под изговор за пружање хуманитарна помош.

Расмусен оцени дека слободата и иднината на Украина се загрозени поради сепаратистичкиот бунт кој, како што рече, расте со поддршка на Русија.

Расмусен во Киев се сретна со претседателот Петро Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук, порачувајќи им дека носи „политичка поддршка“ во борбата против сепаратистите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми