1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО сака повеќе војници во Авганистан

Кристоф Пресл23 јануари 2009

Алијансата годинава сака зголемување на бројот на војници во мисијата на Хиндукуш. И американскиот претседател Барак Обама се изјасни за посилна улога на НАТО во оваа земја.

Војници во мисијата ИСАФФотографија: picture alliance/dpa

Aмериканскиот претседател, Барак Обама назначи двајца специјални пратеници за Блискиот исток и Авганистан. Џорџ Мичел ќе работи на проблемите на Блискиот исток, додека Ричард Холбрук е човекот што ќе биде специјален пратеник за Авганистан и Пакистан. Американскиот претседател, Барак Обама вчера се изјасни за посилна улога на НАТО во Авганистан. Во порака до алијансата во Брисел, американскиот претседател напиша дека членките на НАТО мора заеднички да одговорат на предизвиците, пред се‘ во Авганистан.

Бројки не се споменуваат

Американскиот претседател, Барак Обама само што стапи на должност, а дебатата за обемот на трупите на НАТО во Авганистан е веќе во полн ек. Командантот на НАТО, американскиот генерал Бенц Кредок, побара дополнителни 20 илјади војници. Ваквите изјави предизвикаа збунетост во редовите на американските набљудувачи кои сметаат дека нови осум до десет илјади војници на Хиндукуш се сосема доволно. Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер, со следната изјава: „Никогаш не дискутирам јавно за бројки. Има една германска поговорка - непријателот ме слуша. Јас тоа не го правам и им укажувам на сите соработници на НАТО да не го прават тоа. “

Јаап Де Хоп ШеферФотографија: picture-alliance/dpa

Засилувањето е неопходно

И покрај спорот на генералите околу бројките, НАТО е единствен во ставот дека во Авганистан се потребни уште војници. Генерал Карл-Хајнц Латер, шеф на штабот на НАТО во Европа вели: „Сметаме дека со ова засилување ќе можеме подобро да се бориме против противникот во Авганистан. Со тоа ќе се создадат подобри предуслови за поттикнување на обновата на Авганистан.“

Талибански бунтовнициФотографија: AP

НАТО на Хиндукуш има 55 илјади војници. Најголемиот дел од нив се Американци, а потоа следуваат Британците. Германија испрати 3 400 војници. Латер не се изјаснува по прашањето - колку германски војници среднорочно ќе мора да останат во Авганистан. Генералот смета дека војниците на НАТО ќе останат во Авганистан уште неколку години.







Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми