1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО сака поголемо присуство на Истокот на Европа

Клаус Јансен/ А.Трајковска 28 август 2014

Русија е безбедносен ризик, воената стратегија во Европа мора да биде одново преработена, смета генералниот секретар на НАТО Расмусен. Тој се залага за повеќе воени бази во источна Европа.

Фотографија: DW

Сѐ на почеток: НАТО очигледно повторно има намера, централна задача да му биде заедничката одбрана. Наредната недела (04.09.2014) се среќаваат шефовите на држави или влади на сојузот во Њупорт во Велс, за да разговараат за стратегијата на сојузот. По кризата за смислата на сојузот во 1990-те и меѓународниот ангажман, меѓу другото и во Авганистан НАТО сега стои пред старо-нов предизвик: односот кон Русија.

Пред сѐ членките на Балтикот, Естонија, Летонија и Литванија се загрижени исто како и Полска. По руската анексија на Крим и борбите во источна Украина источните земји членки на НАТО сакаат да бидат добро подготвени, доколку Русија навистина се фокусира кон некоја земја членка на сојузот.

Целосна измислица тоа не било, вели Егон Рамс, поранешен генерал со четири ѕвезди во Бундесверот. „Во Естонија и во Летонија би можело добро да се спроведат операции за дестабилизација како што се случија на истокот на Украина и на Крим“, убеден е поранашниот командант на НАТО. Таму живеат многу Руси, кои би можеле да бидат инструментализирани вели Рамс. „Се надевам и верувам дека членството во НАТО на овие земји ќе ја задржат Русија од такви чекори“.

Во Полска и на Балтикот речиси и да нема стационирани трупи на НАТО, честопати можеше да се слушне жалба оттаму дека тие биле само членки од втора класа. Во Литванија на пример се наоѓа воздушна база од каде редовно полетуваат воени авиони на НАТО земјите членки. Тие со тоа го преземаат надгледувањето на воздушниот простор, поради де факто не постоечките воздухопловни воени сили на Балтикот. Исто така и во Штетин на северозападот на Полска во близина на германската граница се вее знамето на НАТО. Таму има меѓународна единица од 250 војници, со која генералот Рамс командуваше три години.

Германски борбен авион во ЛитванијаФотографија: DW

Без постојани трупи

Генералниот секретар на НАТО Андреас Фог Расмусен се чини дека смета дека е тоа премалку. Тој сака поголема видлива присутност на Истокот, сака да изгради бази, таму да стационира вооружување и да се погрижи за тоа, доколку е потребно брзо да може да бидат мобилизирани натамошни војници, најави Расмусен во повеќе медиуми. Меѓутоа постои спогодба меѓу Северноатлансткиот сојуз и Русија според која не смее да има супстанцијално и постојано стационирање на НАТО во источна Европа. Расмусен очигледно сака и натаму да се придржува до оваа спогодба, иако Русија, како што известуваат некои извори, Русија масовно ги засилува трупите во граничниот регион.

Сепак за НАТО има само еден пат, да се покаже поголема присутност и истовремено сојузот да не отстапи од договорот. Бидејќи перманентно стационирање на војници воопшто не би морало да има, смета поранешниот генерал Рамс. Една можност би била „да се постават бази за обука и тренинг на Батликот и во Полска“. На тој начин би можело постојано да се испраќаат нови трупи на истокот. „Одлучни сме да го браниме нашето НАТО членство“, вели Рамс.

Екс-генералот Егон РамсФотографија: DW/A. Drechsel

Подготвеност за брза реакција

Но, поважно било, ако дојде до таму брзо да може да се прераспределат трупи, ја проценува екс-генералот новата стретагија на НАТО. Досега на сојузот за големи воени акции му беше потребно долго време за подготовка, честопати се потребни години. Дури и на трупите за брза реакција, NATO Response Force (NRF), кои постојат неколку години, им се потребни недели за да бидат целосно функционални.

НАТО-маневар во ЕстонијаФотографија: Raigo Pajula/AFP/Getty Images

Планот на Расмусен: Тој сака да се формира група во рамките на трупите за брза интервенција која би можела да делува во „рок од неколку часови“, вели генералот Рамс. Тој смета дека плановите на генералниот секретар на НАТО Расмусен, кој на крајот на септември заминува од функцијата не се претерани. НАТО во наредните години морало одлучно и заеднички да настапува против потенцијалните противници. „Расмусен можеби го корисити своето заминување, за да постави конкретни насоки. Тие насоки се во вистински правец“.

Пари за тоа најверојатно ќе има. Кога ангажманот на НАТО во Авганистан наскоро официјално ќе заврши ќе се ослободат капацитети, кои би можеле да овозможат изградба на воени структури на истокот. Но, нема конзесус за тоа. Земји како Велика Британија и САД ја поддржуваат иницијативата, Франција, Италија и Шпанија се против. Германија, според соработници на НАТО, сѐ уште е поделена. Имено еден таков чекор би можело дури тогаш за ја испровоцира Русија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми