1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО „се вежба“ за вонредни ситуации на Косово

4 март 2005

Бундесверот привремено го засилува својот контингент на Косово за дополнителни 600 војници. Според образложението од Министерството за одбрана, станува збор за одамна планирана „рутинска вежба за оперативно засилување на тамошните сили“. Ситуацијата во кризната покраина е затегната спроти првата годишнина од мартовските безредија и во очекување на решението на судот во Ден Хаг дали ќе биде подигнато о

НАТО-војниците овој пат поподготвени да се справат со евентуални безредија?
НАТО-војниците овој пат поподготвени да се справат со евентуални безредија?Фотографија: AP

�винение против тамошниот премиер Рамуш Харадинај.

Вежбата на НАТО на Косово ќе се одвива од 17-ти до 27-ми март. Војниците од засилувањето ќе бидат повлечени од покраината помеѓу 9-ти и 13-ти април. Портпарол на НАТО во Брисел рече дека цел на вежбата била, покрај другото, „да се демонстрира дека НАТО многу брзо може да ги засили своите ефективи“. Во март пред една година, на петтата годишнина од почетокот на нападите на НАТО од воздух против Србија, дојде до крвави безредија со 19 загинати и околу илјада повредени лица. По безредијата и на припадниците на Бундесверот им беше префрлено за тешки пропусти во реакцијата на настаните. Во моментов на Косово се стационирани 2700 германски војници. Преместувањето на дополнителните шестотини ќе започне в недела. Според мандатот од германскиот парламент, што беше продолжен во мај минатата година, Бундесверот во таа мисија може да испрати до 8 ипол илјади војници.

На Косово се очекуваат безредија во случај Судот на ОН за воени злосторства во некогашна Југославија да подигне обвинение против премиерот Рамуш Харадинај. Него српското правосудство го товари за злосторства извршени врз цивили во 1998-ма и 99-та година. Тогаш како командант на илегалната Ослободителна војска на Косово тој наводно наредил многубројни ликвидации, па дури и лично убил повеќемина Албанци, Срби и Роми.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми