1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Трупите на КФОР остануваат важни

8 декември 2011

Голем простор на првиот ден од средбата на министерскиот совет на НАТО во Брисел беше одвоен за темата Косово и за состојбата трупите на Алијансата во оваа земја - КФОР.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле вчера (07.12), на средбата со своите колеги од земјите од НАТО, одново го осуди нападот на Србите од северно Косово врз војниците на КФОР на крајот од ноември, во кој беа повредени и германски војници.

„Не смееме да толерираме ниту каква било политичка поддршка за овие напади. Кога нашите војници се нападнати и ние ќе нападнеме. Тоа не смее да се толерира“, рече Вестервеле.

Војниците на КФОР, инаку, беа нападнати во моментот кога расчистуваа една улична барикада на северот од Косово.

НАТО сега бара сите српски улични барикади на северната граница на Косово да бидат отстранети. Самите Срби веќе тргнаа дел од нив. Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, го поздрави последниот договор за заедничко управување на граничните премини во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Но, НАТО оди на сигурно. Со оглед на насилството, трупите на КФОР во февруари нема да бидат преполовени како што досега беше планирано, туку привремено ќе бидат оставени на актуелната бројка од околу 6000 војници.

КФОР во акција на расчистување на барикадите (ноември 2011)Фотографија: dapd

И покрај сите пречки, Расмусен опстојува на изгледите за приближување на целокупниот регион на Западен Балкан кон западните структури:

„Ние решително се придржуваме до евроатлантската интеграција на сите земји од регионот. Но, за тоа се потребни демократски реформи кои треба да станат реалност.“

Расмусен се разбира може да говори само за НАТО. Но, индиректно тој и‘ предложи на Европската Унија да и‘ даде статус на кандидат за членство на Србија. Денеска за тоа на самитот во Брисел одлучуваат лидерите на земјите членки на Унијата.

Автор: Кристоф Хаселбах / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми