1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја поддржа Турција, Ердоган и’ се закани на Сирија

Симе Недевски/ртр/афп/ап26 јуни 2012

Алијанса го осуди како неприфатливо соборувањето на турскиот авион од страна на Сирија и изрази силна поддршка и солидарност кон Турција. Турскиот премиер Ердоган, пак, упати остро предупредување до Дамаск.

A
Symbolbild EU Türkei FlaggeФотографија: picture-alliance/dpa

„Ние сметаме дека овој акт е неприфатлив и најсилно го осудуваме“, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по денешната вонредна средба на Советот на Алијансата во Брисел, свикана поради соборувањето на невооружениот турски авион од страна на сириската против-воздушна одбрана во минатиот петок.

Анкара побара оддржување на денешната вонредна средба на амбасадорите на 28-те членки на Алијансата на НАТО во Брисел, повикувајќи се на членот 4 од повелбата на НАТО, кој предвидува консултации кога една земја-членка чувствува закана за нејзината безбедност.

„Сојузниците и’ изразија силна поддршка и солидарност на Турција“, изјави денеска Расмусен, додавајќи дека Алијансата ќе биде во состојба на готовност што се однесува на случувањата во иднина.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог РасмусенФотографија: Reuters

Надежи дека ситуацијата нема да ескалира

Сепак, Расмусен се обиде да ги ублажи стравувањата од можно растење на тензиите меѓу двете соседни земји - Турција и Сирија.

„Јас очекувам дека ситуацијата нема да ескалира“, рече првиот човек на Алијансата, додавајќи дека на денешниот состанок не се расправало за членот 5 од Повелбата на НАТО, кој овозможува сојузниците во Алијансата да и’ притекнат во помош на една земја партнер, доколку таа е воено загрозена. Расмусен упати остра критика до режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Ова е уште еден пример за тоа дека сириските власти не ги почитуваат меѓународните норми, мирот, безбедноста и човековиот живот“. Двајцата членови на екипажот на соборениот турски авион имено се’ уште се водат како исчезнати, меѓутоа шансите дека тие ќе бидат пронајдени живи се екстремно мали.

Ердоган остро и’ се закани на Сирија

Генералниот секретар на Алијансата ја предупреди Сирија во иднина да избегнува такви насилни чекори во иднина.

Турскиот премиер Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: dapd

„Да биде сосема јасно. Безбедноста на Алијансата е неделива. Ние стоиме заедно со Турција во духот на силна солидарност“, рече Расмусен.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, пак, денеска упати остра закана до Дамаск дека неговата земја нема да се колеба да употреби сила како одговор на какви било инциденти во иднина, во кои е вклучена Сирија.

„Ние ги променивме правилата за дејствување на турските вооружени сили. Ќе биде одговрено на сите прекршувања на законот што се случуваат на нашата граница“, истакна Ердоган пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот. Тој ја обвини Сирија дека со „грозоморното“ соборување на турскиот авион намерно и планирано ја провоцирала Турција. Ердоган потенцираше дека Турција е целосно во право во врска со овој инцидент и оти рационалниот одговор на Анкара не треба да биде погрешно сфатен како слабост. „Сите треба да знаат дека бесот на Турција е исто така силен и разорен“, порача Ердоган.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми