1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ќе помага за обука на косовски сили

Филип Билски13 јуни 2008

НАТО донесе заклучок - КФОР на Косово да помогне во обука на новите косовски безбедносни сили, кои ќе бидат под цивилна контрола.

КФОР со задача да помагаФотографија: dpa

НАТО ќе му помогне на Косово во изградбата на нужните демократски, безбедносни институтции, а косовските безбедносни сили ќе бидат лесно вооружени и, на почетокот, насочени кон решавање на кризни и цивилни вонредни ситуации, ја објасни одлуката на алијансата за Косово, портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај.

Шпанија е против

Шпанија нема да учествува во обуката на косовските безбедносни сили. Според шпански извори, таа земја не сака да учествува во обуката поради тоа што се смета дека тоа би било некаков вид признавање на независноста на Косово. Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп шефер, изјави дека на владата во Мадрид и‘ предочил дека со обука на силите НАТО нема да се стави во процес на признавање на Косово и дека Шпанија суверено ќе одлучи дали ќе учествува во задачата или не.

Шефер изјави дека во Советот за безбедност на ОН, наредната недела, веројатно ќе дојде до расправа околу писмото и извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во кои што се предлага преобликување на мисијата УНМИК, за европската мисија ЕУЛЕКС да добие пошироки оперативни способности на Косово. Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг објаснува дека тоа се прави со цел на Косово да не се случи безбедносна дупка: “...тоа значи, да не се случи УНМИК да се повлече, а ЕУЛЕКС сеуште да не пристигнал“, рече Јунг во Брисел.

Нов мандат за Авганистан?

На средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, вчера се расправаше и за мисијата во Авганистан и безбедносната ситуација во таа земја. Во Германија, пред почетокот на средбата имаше шпекулации дека е можно зголемување на бројот на германски војници во Авганистан, но министерот Јунг не сакаше да зборува за конкретни бројки: „Новиот мандат почнува во октомври и пред летната пауза ќе соопштам како сметам дека треба да изгледа новиот мандат.“



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми