1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Научници од Бон го пронајдоа „предизвикувачот“ на мигрена

12 септември 2005

Неиздржливи болки, гадливост, преосетливост на светлина: околу 14 милиони луѓе во Германија страдаат од мигрена. Во целиот свет има повеќе стотини милиони деца и возрасни.

Главоболката го отежнува секојдневниот живот
Главоболката го отежнува секојдневниот животФотографија: dap

Мигрената не е цивилизацијска болест. Нејзините симптоми се опишуваи и од античките грци. Таа е болест која веројатно подеднакво често се јавува во сите културни кругови, велат научниците. Предизвикувач на болеста досега се сметаше дека се стресот, одредени видови на храна но и недостаток на сон. Научниците од универзитетот во Бон неодамна ја пронајдоа генетската причина за појава на мигрената – имено еден генетски дефект. Врз основа на овие сознанија тие сакаат да произведат соодветни лекови.

Ингрид Мелцер страда од повремени неподносливи главоболки, од мигрена. Таа веќе 30 години живее со болеста. Најмалку еднаш во месецот добива напад. Тој започнува со оштра главоболка:

„Доколку тогаш ништо не превземам набргу ми станува лошо и повраќам. Не можам да поднесам светло ниту пак звуци. Потоа повеќе саати ако не и денови се чуствувам тотално истоштена.“

Досега не е пронајден лек кој дејствува врз самата причина за болеста. Постоечките сретства против мигрена дејствуваат против симптомите, најчесто само против болките. Ингрид Мелцер веќе се пробала:

„Во 30-те години, колку што ја имам болест, скоро се сум пробала што воопшто се појавило како лек против мигрена. Од природни лекови од сите врсти, акупунктура, хомеопатски и психотерапевтски терапии, и анти стрес програми. Ништо од сето тоа не ми помогна.“

Повеќе од четири години бонските научници испитуваа 45 семејства, во кои повеќе лица страдаат од мигрена. Преку испитувања на крвта тие конечно ја пронајдоа причината за појавата на мигрената: сите испитани лица имаа генетска промена на генот еден. Значи промена во генетскиот материјал. Тоа доведува до погрешно управување на нервните клетки и доаѓање на воспалени материи до мозокот. Погодените длови во мозокот се напросто отруени што доведува до екстремни главоболки, вртоглавица па дури и онесвестување.

Сега научниците од Бон се надеваат дека нивното откритие ќе доведе до развој на нови лекови кои ке го спречат погрешното управување на нервните клетки. Меѓутоа тоа ќе мора да потрае неколку години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми