1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтената катастрофа зема се´поголеми размери

8 јуни 2010

Нафтената дамка од Мексиканскиот залив во меѓувреме се приближи и до брегот на Тексас. За првпат од катастрофата со нафтената платформа пронајдени се птици загрозени од нафта и пред брегот на оваа сојузна држава.

Нафтената дамка стигна до песочните плажи на ФлоридаФотографија: AP

До сега последиците од нафтената дамка ги чувствуваат Луизијана, Мисипи, Алабама и Флорида. Тешко се погодени и солените мочуришта во крајбрежјето, инаку природно мрестилиште на богатиот рибен фонд на Мексиканскиот залив кој пред еколошката катастрофа сочинуваше 30 насто од вкупниот улов и одгледување на морските плодови во САД. Според податоците на централната власт, до сега се пронајдени повеќе од 500 умрени птици пред брегот на Тексас и на Флорида, како и повеќе од 200 морски желки.

Во еколошката катастрофа досега настрадаа преку 500 морски птициФотографија: AP

Истражувачите од универзитетот во Јужна Флорида ги завршија лабораториските тестови кои потврдиле дека нафтата која 48 денови истекува од изворот на длабочина од 1.500 метри, се насобира под површината во џиновски скалести купови кои некаде се широки и 10 километри, а длабочината им е непозната, информира ТВ станицата СиЕнЕн.

Нафтената катастрофа ќе трае со месеци, а можеби и со децении

Фотографија: AP

Концернот Бритиш петролеум во меѓувреме најави дека во текот на следниот месец ќе се обиде да постави нова метална купола над местото од каде истекува нафтата од повеќе дупки. Таа треба да биде поголема и поширока и со тоа би требало да прибира поголемо количество од нафатата, отколку сегашната купола. Според информациите на американската крајбрежна стража, сегашната купола успева да прифати околу 1,7 милиони литри нафта дневно. Според проценките меѓутоа дневно истекуваат меѓу 2,2 и 4,7 милиони литри. Експертите сметаат дека од почетокот на еколошката катастрофа во океанот се излеале помеѓу 87 и 189 милиони литри нафта.

Според проценките на американската влада, кризата со излеаната нафта пред американскиот брег ќе потрае уште со месеци. Експертите пак проценуваат дека природното разградување на нафтата што се излева од дното на Мексиканскиот залив може да потрае уште со децении.

Автор: СБ/ ГЧ/ дпа/ хина

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми