Властите во Јужна Африка денеска прогласија состојба на „национална катастрофа“ поради сушата која зафати голем дел од земјата и се заканува да го остави градот Кејп Таун без вода во славините.
Реклама
Кејп Таун веќе три години е зафатен од голема суша поради малите врнежи на дожд кои го спуштија нивото на вода во браните на минимум. Вториот по големина град во Јужна Африка сега е пред опасноста да мора целосно да ја запре водата за домаќинствата во ткн. „нулта ден“ со цел да ги одржи своите резерви на вода. Според актуелните проекции, „нулта денот“ би можел да се случи на 11 јуни годинава. Дополнителен проблем е што поради сушата без вода остануваат и големи делови од јужна и западна Јужна Африка.
Аналитичарите велат дека „доколку не се случи чудо“, Кејп Таун ќе остане без вода за пиење.
Властите во Кејп Таун веќе им наредија на своите над четири милиони жители да ја намалат дневната потрошувачка на вода на 50 литри дневно по лице. Тоа е еднакво на шестминутно туширање во градот во кој во тоалетите одамна не се пушта вода, а локалните политичари ги убедуваат жителите дека немиената коса е нов статусен симбол.
Доколку водата запре, Кејп Таун ќе стане првиот голем светски град чии славини се буквално суви. Не постои сличен преседан со кој би можеле да се прават споредби, но јасно е дека тоа ќе има огромно влијание врз политички нестабилната и економски осиромашена држава.
Климатска катастрофа во сиромашните земји
01:41
Стравот, но и недовербата во државните институции се толку големи што дури и политичарите се надеваат на чудо. Во ноември минатата година, во градот беше поканет самопрогласениот проповедник Ангус Бјухан да ја предводи заедничката молитва за дожд. Бјухан, кој соопшти дека доаѓа освежен откако претходно подигнал жена од мртвите, ги убедуваше своите верници дека браните ќе се наполнат со вода до март годинава.
Локалните климатолози велат дека климатските промени не се главната причина за сушата во регионот, иако и тие играат голема улога. Основниот проблем е политички. Во Кејпт Таун и провинцијата во која се наоѓа градот владее либералната Демократска алијанса. Тоа е единствената провинциска влада која не е под контрола на Африканскиот национален конгрес (АНЦ)- партијата на покојниот Нелсон Мендела која ја држи и власта на национално ниво. Многу политичари на АНЦ би сакале да видат неуспех на Демократската алијанса во Кејп Таун, со што би им се отворила шанса да се вратат на власт во провинцијата во 2019 година.
Надежта сега е дека новото ограничување од 50 литри вода дневно би можело да го одложи доаѓањето на „нулта денот“ барем до почетокот на сезоната на дожд во август годинава. Но, дали сушата тогаш ќе заврши останува големо прашање.
Промена на климата: Екстремно време, екстремни последици
Бранови на горештини, недостиг на вода, топење на глечерите, уште сега се забележува промената на климата, а времето нешто да се преземе против последиците, истекува.
Фотографија: AP
По жештината и поплавите следува глад
Крајно време е да се преземат мерки против екстремните временски услови, посебно во најсиромашните земји, како во Африка. Веќе по 20 или 30 години, вели извештајот на Светската банка, промената на климата ќе има речиси незамисливи последици. Сушите и поплавите ќе доведат до недостиг од храна.
Фотографија: AP
Светското население и натаму се множи
Светското население до 2050 година ќе достигне до околу девет милијарди луѓе, гласат прогнозите. Тоа значи - потребно е двојно повеќе ориз, пченка и пченица отколку денес. Американските научници предупредуваат - производството животни продукти уште сега расте пребавно за да го задоволи гладот во светот.
Фотографија: dapd
Премногу вода
Додека поплавите ги загрозуваат жетвите, друга опасност произлегува од растењето на морското ниво. Научниците предупредуваат дека нивото во моментов расте 60 проценти побрзо од очекуваното. Последица: се заканува потонување на помалите острови.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Морска наместо несолена вода
Со покачувањето на нивото на морињата во почвата продира солена вода. На неа е изложена и вегетацијата, како на овој остров во Микронезија. Тоа е штетно за растенијата и истовремено носи големи проблеми за земјоделството и крајбрежните региони.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Во опасност се белите дробови на планетата
Амазонските прашуми, како овде во Бразил, ја штитат климата со тоа што користат ЦО2. Но, бидејќи во регионот станува пожешко и посуво, тој е загрозен од затоплувањето на Земјата. Во најлош случај прашумата од корисник, може да стане извор на ЦО2.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Се топи мразот на Гренланд
Гренланд е до 85 проценти покриен со мраз. Со глобалното затоплување, меѓутоа, тој брзо се топи, со што се покачува нивото на морињата. Кога се топи белиот мраз од Арктикот, водата која потемнува од топењето прима повеќе топлина, која инаку мразот ја рефлектира во вселената.
Фотографија: Ian Joughin/University of Washington
Се топи и Антарктикот
Мразот на Антакрктикот се смета за постабилен отколку оној на Гренланд. Но, најновите мерења покажуваат дека мразот се топи и на Арктикот во последните 20 години, откако се вршат мерења во овој регион.
Фотографија: Alfred-Wegener-Institut/Simon/Simon
Трајниот мраз - темпирана бомба
На Арктикот засилено се топи трајниот мраз. Тоа предизвикува ослободување на штетни гасови, како ЦО2 и метан. Научниците стравуваат дека долгорочно тоа ќе води кон повратна реакција. Топењето ќе предизвика натамошно затоплување. Научниците ги контролираат емисиите на гасови, како овде на Гренланд.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Лоши вести за школките и морските полжави
Океанот прима се‘ повеќе ЦО2. Тоа води кон се‘ поголема киселост на морињата, со што се намалува ПХ-вредноста. Ова влијае врз морските организми како школките и морските полжави: нивните черупки стануваат полесни и потенки. Научниците ги истражуваат последиците врз животот во морето.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Изумираат коралите
Од зголемената киселост на морињата се погодени и коралите, како Грит Бариер Риф во Австралија. Тие изумираат поради зголемената киселост на водата. За многу луѓе овие области со коралски колонии богати со риби се важни поради исхраната, а освен тоа коралскиот туризам за помалите земји е важен извор на приходи.