1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најавено апсење на „крупни риби“

ЖА/миа25 март 2014

Наскоро ќе бидат уапсени високи владини претставници, најави главниот обвинител Џонатан Рател, кој информира дека се води истрага за 374 случаи на организиран криминал и корупција на Косово.

Фотографија: DW

Главниот обвинител на косовското Специјално јавно обвинителство, Џонатан Рател информира дека во тек се истраги за 374 случаи на организиран криминал и корупција во Косово, најавувајќи дека наскоро ќе следат апсења на „крупни риби“, меѓу кои и високи претставници на власта.

„Водиме истраги и наскоро ќе бидат уапсени високи владини претставници“, изјави синоќа Рател во гостувањето на приштинската телевизија Кохавизион.

Тој одби да спомене имиња на лицата опфатени со истрагите, но напомена дека станува збор за „луѓе на многу значајни позиции“.

„Има луѓе во власта кои ја крадат иднината на Косово. Наша цел е да стигнеме секаде каде што ќе не одведат доказите. Има и луѓе на високи позиции... за кои има сериозни досиеја“, дополни Рател.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми