Највисок степен на предупредување од корона во Париз
Томас Гример
5 октомври 2020
Поради зголемениот број на инфицирани со коронавирус, во главниот град на Франција е прогласен највисок степен на предупредување.
Реклама
Доколку се придржуваат до заострените хигиенски мерки, рестораните, и покрај „највисокиот степен на предупредување“, ќе може да работат, соопшти кабинетот на францискиот премиер Жан Кастекс. Заострените мерки во Париз и дел од неговите предградија би требало да важат две недели. Други детали се очекуваат во текот на денов.
Ваквиот чекор на француските власти не е изненадување. Министерот за здравство Оливие Веран на крајот на минатата недела рече дека состојбата во Париз рапидно се влошува и дека само намалување на бројот на новоинфицирани може да спречи целосно затвореање на баровите и кафулињата во главниот град.
Во борбата против пандемијата на коронавирус досега највисок степен на предупредување важеше само во францускиот прекуморски регион Гваделуп и во Марсеј.
Со 16.972 новорегистрирани случаи накоронаво рок од 24 часа Франција во саботата достигна нов рекорд. Бројот на луѓе чија смрт се доведува во врска со инфекција со коронавирус се зголеми на 32.200. Тоа ја става Франција во земјите во Европа кои се најмногу погодени од пандемијата.
Доналд Трамп и другите познати личности кои се заразија со коронавирусот
По објавата дека тој и сопругата се заразени со Ковид-19, Доналд и Меланија Трамп дефинитивно ја предводат листата на познати личности кои досега се инфицираа со коронавирусот.
Фотографија: Doug Mills/CNP/picture-alliance
Коронавирусот и во Белата куќа
Хоуп Хикс, блиска соработничка на претседателот на САД, се заразила од коронавирусот - и потоа ги инфицирала Доналд Трамп и Првата дама, Меланија. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател сега е во „самоизолација“. Желби за брзо оздравување на Трамп и на неговата сопруга пристигнаа од целиот свет.
Фотографија: Andrew Caballerro-Reynolds/AFP/Getty Images
Силвио Берлускони
83-годишниот поранешен италијански премиер, инфициран со коронавирус на почеток на септември заврши во болница со воспаление на белите дробови, таму помина десетина дена. Две од децата, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на Ковид-19. Кај екс-премиерот бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic
Роберт Патисон
34-годишниот глумец, познат првенствено по улогата на романтичниот вампир Едвард Кален, е позитивен на тест за Ковид-19, па од таа причина по само неколку дена од повторниот почеток, е прекинато снимањето на неговиот филм Бетмен. Патисон, кој се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, ја презеде улогата на Бетмен откако лани се повлече Бен Афлек.
Поранешниот борачот кој стана филмска ѕвезда, е еден од најновите познати личности на А-листата на заразени со Ковид-19. На видео објавено на Инстаграм тој откри дека тој, сопругата и двете деца се позитивни на тест, додавајќи дека со тоа доживеал тежок удар. Џонсон упати повик до луѓето да не ја политизираат пандемијата и да носат заштитни маски.
Бразилската фудбалска икона е еден од тројцата играчи на ФК Париз Сен Жермен кои се заразиле со коронавирус. Инфицирањето на играчите во клубот се поврзува со патувањето на одмор на тимот на шпанскиот остров Ибица. Нејмар подоцна на Инстаграм објави фотографија со синот, според извештаите исто позитивен на тест, со коментар: „Благодарам за пораките, нам на сите ни е добро!“
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Ramos
Усеин Болт
Атлетичарската легенда Усеин Болт бил тестиран за позитивен на коронавирус неколку дена по забавата по повод неговиот 34-ти роденден. Рекордерот во трчање на 100 и 200 метри изјави дека се наоѓа во карантин, но нема симптоми. Видео снимки од роденденската прослава на отворено покажуваат дека гостите не носеле маски.
Фотографија: Reuters/M. Childs
Антонио Бандерас
Шпанскиот актер на средината на август доживеа непријатно изненадување на својот 60-ти роденден, откако му е потврдено присуство на коронавирусот. Бандерас изјави дека роденденот го поминал во изолација, дека е „поуморен од обично“, но „во надеж дека ќе се оправи што поскоро.“
Фотографија: picture-alliance/Captital Pictures
Жаир Болсонаро
Бразилскиот претседател, кој постојано ја минимизираше пандемијата, се инфицирал со вирусот во јули. Експертите го критикуваа што и пред и по дијагнозата ги игнорираше препорачаните мерки на претпазливост, се ракуваше и прегрнуваше со луѓето. Неговата сопруга и синовите исто така беа позитивни на тестот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Peres
Том Хенкс
Глумецот Том Хенкс и сопругата, актерката и пејачка Рита Вилсон, се меѓу првите проминентни личности кои објавија дека се инфицирале со вирусот. Двојката позитивниот тест го добила на почетокот на март во Австралија. По заздравувањето и враќањето во САД, Хенкс се ангажираше луѓето да се придржуваат на мерките за спречување на ширењето на болеста.
Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, била тестирана позитивно на коронавирус по враќање од Обединетото британско кралство во средината на мај. Нејзиниот сопруг објави дека по дијагнозата, тој и самиот заминал во домашна изолација.
Фотографија: Reuters/P. Doyle
Борис Џонсон
На крајот на март од Ковид-19 заболе британскиот премиер Борис Џонсон, кој потоа помина повеќе дена во болница во Лондон. Три дена беше преместен во станица за интензивна нега, каде добивал кислород и бил постојано набљудуван. На средината на април беше отпуштен од лекување во болницата, по што му се заблагодари на болничкиот персонал што му го спасил животот.