1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Најдобрата вакцина е таа што навреме ќе стигне

25 јануари 2021

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ треба ја разгледаат стратегијата за дистрибуција на вакцина против Ковид -19 со трети земји, првенствено со Западен Балкан

Deutschland Berlin | Coronavirus, Impfzentrum
Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Најсигурно е да се вакцинираме. Не е важно со чии вакцини, само што поскоро нека пристигнат, вели брачна двојка од Скопје (66 и 68 години). Зачудени се од податокот дека 49 отсто од македонски испитаници во анкетата на Галуп Интернационал, одговориле дека „не би примиле вакцина“. Заштитени со двојни маски, објаснуваат колку темелно ги следат препораките за превентива и дека ги избегнуваат пазарите, продавниците и други пофреквентни места.

„Излегуваме на кратко, колку да се раздвижеме, бидејќи тоа ни е дадено и како лекарска препорака. Избегнуваме места каде може да има толпа. Се штитиме колку што можеме, ама ќе бидеме најбезбедни ако примиме вакцина. Не знам што да кажам за тие што не се заинтересирани. Нивно право, но сметам дека или не се добро информирани, или ја потценуваат опасноста од вирусот“, вели нашата соговорничка.

повеќеБрзата вакцина ќе не' врати побрзо во нормала!?:

Темата „пандемија и вакцина" и натаму е број 1. На рекламно пано за електричарски услуги, покрај телефонскиот број, со ракопис е додадено известување: Заради здравствена превенција, не вршиме интервенции во домови во наредните месеци. Некој допишал графит: „Чекаме вакцина“.

Стратегија за дистрибуција

Во Северна Македонија вакцината ја чекаат сите, па дури и оние кои не планираат да се вакцинираат. М.З. (59) е од оние кои не се убедени во ефектот од вакцините, но сепак ги чека, како што вели, „за да ја оцени ефикасноста на власта по тоа прашање".

повеќе: Коронавирус: Мнозинството смета дека владата не се справува добро со пандемијата, но не би се вакцинирале

Ја чекаат и властите. Според премиерот Заев, до седиштето на „Фајзер“ во САД било испратено ново барање за согласност да се извезат вакцините кои Србија и ги вети на земјава, а кон средината или во втората половина од февруари се очекува да стигнат првите вакцини за кои земјава  има склучено директен договор со „Фајзер“. Вакцини треба да се добијат и преку Ковакс механизмот, а македонските власти очекуваат солидарност и од ЕУ. Вниманието е свртено кон денешниот состанок во Брисел, каде министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе ја разгледаат стратегијата за дистрибуција на вакцина против Ковид -19 со трети земји, првенствено со Западен Балкан. Како што е највено, тоа ќе биде првата точка на дневниот ред, во контекст на напорите на ЕУ да обезбеди рамноправен и чесен пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.

Но, и членки на ЕУ во кои стигнаа вакцините и започна процесот на имунизација, не се задоволни од брзината на испорака на дозите. Италија веќе најави дека ќе преземе законски мерки и ќе го зголеми притисокот на Брисел, поради тоа што компаниите доцнат во испораката на вакцини.

повеќе:Вакцини – една чиста европска конфузија

„Целта е компаниите да ја подмират количината на вакцини кои ги ветиле. Oва е eвропски договор кој тие не го почитуваат, па од таа причина ќе преземе законски мерки“, ја пренесе Ројтерс изјавата на италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо.

Запрашан зошто фармацевтските комpании биле принудени да најават намалување во испораките, Ди Мајо смета дека „тие едноставно загризале многу повеќе, отколку што можеле да соџвакаат“. Претходно, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека ЕУ ќе користи легални средства за да обезбеди фармацевтските компании да ги почитуваат договорите за испорака на вакцини против Ковид-19.

Целта (не)достижна

И покрај овие проблеми, Во Брисел сè уште веруваат дека ЕУ може да ја постигне целта за вакцинирање на 70 проценти од населението до летото.  Но, анализа на „Политико“ покажува дека со сегашната снабденост со вакцини, за таа цел ќе бидат потребно многу повеќе време. Според, процентот на возрасни кои би биле вакцинирани до крајот на летото, доколку сегашниот број на дози на ден остане непроменет, од земјите на ЕУ, засега најдобро се држи Малта, потоа Романија, Португалија, Ирска, Австрија, Франција и Финска, а на дното е Бугарија.

повеќе: Коронавирус вакцини: ЕУ повторно го остави Балканот на цедило

Во моментов, по прашањето на вакцини, Србија е повеќе од регионална ѕвезда. Дали поради фактот што централата на „Фајзер“ за Југоисточна Европа е во Белград, или поради снаодливост и вонреден ангажман на српските власти, соседната земја предничи во снабувањето со вакцини и прва во регионот го почна процесот на имунизација. Последната информација е дека околу 110.000 дози од вакцината произведена од „Фајзер-Бионтек“ треба да пристигнат во Србија до крајот на февруари, најавил Мирсад Ѓерлек, државен секретар во српското Министерство за здравство.

„Бидејќи „Фајзер“ ги преполови договорените испораки, им испративме допис со прашање зошто го сторија тоа и тие одговорија дека поради тоа намалување, на 15 февруари ќе добиеме двојно повеќе дози отколку што беше договорено на неделна основа - 40.000. И на 22 февруари ќе ни достават 40.000 дози. Бидејќи испораките пристигнуваат неделно, секој понеделник, денес ќе добиеме околу 10.000 дози, што е 50 проценти од договорените количини, и веднаш ќе искористиме 6.000 дози за да ги реакцинираме здравствените работници“, најави Ѓерлек пред српските медиуми.

Тој објаснил дека се очекува да пристигне и договорената испорака на 250.000 дози на руската вакцина „Спутник 5“, дека се водат завршни разговори за купување 800.000 дози од вакцината произведена од Оксфорд и „АстраЗенека“, и дека од „Синофарм“ добиле еден милион дози.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми