Тоа ќе биде еден од најголемите настани некогаш организирани во Германија. Бон е подготвен за климатската конференција КОП23.
Реклама
Во германскиот град Бон од 6 до 17 ноември ќе се одржи меѓународната климатска конференција КОП23. Бон во тие две недели се претвора во глобално еко-село. Градот на реката Рајна има околу 300.000 жители а се очекуваат 20.000 гости на конференцијата. Во последните три месеци за потребите на КОП23 е подиган вистински град од шатори на површина поголема од 8 фудбалски игралишта.
Промена на климата: Екстремно време, екстремни последици
Бранови на горештини, недостиг на вода, топење на глечерите, уште сега се забележува промената на климата, а времето нешто да се преземе против последиците, истекува.
Фотографија: AP
По жештината и поплавите следува глад
Крајно време е да се преземат мерки против екстремните временски услови, посебно во најсиромашните земји, како во Африка. Веќе по 20 или 30 години, вели извештајот на Светската банка, промената на климата ќе има речиси незамисливи последици. Сушите и поплавите ќе доведат до недостиг од храна.
Фотографија: AP
Светското население и натаму се множи
Светското население до 2050 година ќе достигне до околу девет милијарди луѓе, гласат прогнозите. Тоа значи - потребно е двојно повеќе ориз, пченка и пченица отколку денес. Американските научници предупредуваат - производството животни продукти уште сега расте пребавно за да го задоволи гладот во светот.
Фотографија: dapd
Премногу вода
Додека поплавите ги загрозуваат жетвите, друга опасност произлегува од растењето на морското ниво. Научниците предупредуваат дека нивото во моментов расте 60 проценти побрзо од очекуваното. Последица: се заканува потонување на помалите острови.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Морска наместо несолена вода
Со покачувањето на нивото на морињата во почвата продира солена вода. На неа е изложена и вегетацијата, како на овој остров во Микронезија. Тоа е штетно за растенијата и истовремено носи големи проблеми за земјоделството и крајбрежните региони.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Во опасност се белите дробови на планетата
Амазонските прашуми, како овде во Бразил, ја штитат климата со тоа што користат ЦО2. Но, бидејќи во регионот станува пожешко и посуво, тој е загрозен од затоплувањето на Земјата. Во најлош случај прашумата од корисник, може да стане извор на ЦО2.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Се топи мразот на Гренланд
Гренланд е до 85 проценти покриен со мраз. Со глобалното затоплување, меѓутоа, тој брзо се топи, со што се покачува нивото на морињата. Кога се топи белиот мраз од Арктикот, водата која потемнува од топењето прима повеќе топлина, која инаку мразот ја рефлектира во вселената.
Фотографија: Ian Joughin/University of Washington
Се топи и Антарктикот
Мразот на Антакрктикот се смета за постабилен отколку оној на Гренланд. Но, најновите мерења покажуваат дека мразот се топи и на Арктикот во последните 20 години, откако се вршат мерења во овој регион.
Фотографија: Alfred-Wegener-Institut/Simon/Simon
Трајниот мраз - темпирана бомба
На Арктикот засилено се топи трајниот мраз. Тоа предизвикува ослободување на штетни гасови, како ЦО2 и метан. Научниците стравуваат дека долгорочно тоа ќе води кон повратна реакција. Топењето ќе предизвика натамошно затоплување. Научниците ги контролираат емисиите на гасови, како овде на Гренланд.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Лоши вести за школките и морските полжави
Океанот прима се‘ повеќе ЦО2. Тоа води кон се‘ поголема киселост на морињата, со што се намалува ПХ-вредноста. Ова влијае врз морските организми како школките и морските полжави: нивните черупки стануваат полесни и потенки. Научниците ги истражуваат последиците врз животот во морето.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Изумираат коралите
Од зголемената киселост на морињата се погодени и коралите, како Грит Бариер Риф во Австралија. Тие изумираат поради зголемената киселост на водата. За многу луѓе овие области со коралски колонии богати со риби се важни поради исхраната, а освен тоа коралскиот туризам за помалите земји е важен извор на приходи.
Фотографија: AP
10 фотографии1 | 10
Исто така, модернизирана е и градската инфраструктура при што беа ангажирани над илјада работници за сето да биде навреме подготвено за климатската конференција. Германија за организацијата на КОП 23 вложи 117 милиони евра. Тоа ќе биде едно од најголемите случувања некогаш одржани во земјата. Само мобилните брани против поплави на Рајна чинеа 2 милиона евра. Но колку сето ова е еколошки?
„Ова ќе биде најзелената климатска конференција на ОН некогаш одржана“, вели Ник Натал, портпарол на конвенцијата за климатски промени на ОН (УНККК). Тој додава : „Целиот материјал ќе биде повторно употребен. Емисијата на гасови ќе биде навистина во предвидените граници, а кога станува збор за храната која ќе биде сервирана на конференцијата, таа ќе биде целосно органска, вегетарјанска храна“. Според Натал ќе се води сметка и за ограничување емисијата на штетни гасови на посетителите кои ќе дојдат во Бон од сите краеви на светот.
Бон, глобално еко-село
01:27
Во фокусот на КОП23 се островите, а а со конференцијата претседава токму островската држава Фиџи. Традиционалното кану од Фиџи е симбол на конференцијата и на тоа дека „сите сме во ист чамец“.