Пандемијата на коронавирусот директно влијае врз германската влада. По министерот за здравство Јенс Шпан, други членови на владата би можеле да бидат заразени. Што ќе се случи тогаш? Дали постои план за итни случаи?
Реклама
„Со оглед на ситуацијата, засега сум добро. За среќа, симптомите на настинка не се влошија “, рече Јенс Шпан (40), министер за здравство, во видео порака објавена на Фејсбук во неделата (25 октомври).
Тој беше на владина седница минатата недела (21 октомври). Сите забележаа дека му е рапав гласот, но ништо повеќе од тоа. Кога се појави болка во грлото, тој веднаш направи ПЦР-тест на коронавирус, кој беше позитивен. Потоа Шпан веднаш се повлече во карантин.
На прашањето на ДВ колку ќе трае карантинот, портпаролот на Министерството за здравство одговори дека министерот ќе ги почитува правилата на неговите здравствени власти. Значи, веројатно 14 дена. Меѓу другото, како пример за другите.
Соработници од блискиот круг на министерот сè уште не се заразени. Сепак, потврдено е дека сопругот на Јенс Шпан има Ковид-19, како и државниот секретар од германското министерство за економска соработка, кој ручал со министерот два дена пред последната владина седница.
Политичарите и коронавирусот: Полскиот претседател тестиран позитивно
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда е последниот во редот претседатели, министри и други политичари кои досега се заразија од коронавирусот. Дел од нив ги издвоивме и во нашата фотогалерија.
Фотографија: Photoshot/picture-alliance
Анджеј Дуда
Полскиот претседател е позитивен на коронавирус, објави на Твитер неговиот портпарол Блажеј Спихалски. Тој уште напиша дека претседателот бил тестиран вчера и оти тестот бил позитивен. Спихалски наведе дека Дуда се чувствува добро.
Фотографија: Photoshot/picture-alliance
Јенс Шпан
Германскиот министер за здравство бил позитивен на тестот за коронавирус и заминал во самоизолација, соопштија неделава од неговиот кабинет. Јенс Шпан е архитект на државната политика за справување со вирусот. Тој се наоѓа во самоизолација и има само симптоми на настинка.
Фотографија: Markus Schreiber/Reuters
Коронавирусот и во Белата куќа
Хоуп Хикс, блиска соработничка на претседателот на САД, се заразила од коронавирусот - и потоа ги инфицира Доналд Трамп и Првата дама, Меланија. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател беше во „самоизолација“ а потоа и во болница, која ја напушти по само неколку дена.
Фотографија: Andrew Caballerro-Reynolds/AFP/Getty Images
Силвио Берлускони
83-годишниот поранешен италијански премиер, инфициран со коронавирус на почеток на септември заврши во болница со воспаление на белите дробови, таму помина десетина дена. Две од децата, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на Ковид-19. Кај екс-премиерот бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic
Жаир Болсонаро
Бразилскиот претседател, кој постојано ја минимизираше пандемијата, се инфицирал со вирусот во јули. Експертите го критикуваа што и пред и по дијагнозата ги игнорираше препорачаните мерки на претпазливост, се ракуваше и прегрнуваше со луѓето. Неговата сопруга и синовите исто така беа позитивни на тестот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Peres
Софи Трудо
Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, била тестирана позитивно на коронавирус по враќање од Обединетото британско кралство во средината на мај. Нејзиниот сопруг објави дека по дијагнозата, тој и самиот заминал во домашна изолација.
Фотографија: Reuters/P. Doyle
Борис Џонсон
На крајот на март од Ковид-19 заболе британскиот премиер Борис Џонсон, кој потоа помина повеќе дена во болница во Лондон. Три дена беше преместен во станица за интензивна нега, каде добивал кислород и бил постојано набљудуван. На средината на април беше отпуштен од лекување во болницата, по што му се заблагодари на болничкиот персонал што му го спасил животот.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Dawson
7 фотографии1 | 7
Откако тоа стана познато, владее напрегнатост во министерскиот круг. Прашањето е колку учесници на седницата се заразиле од министерот и што ќе се случи ако уште повеќе членови на владиниот кабинет отсуствуваат поради коронавирусот?
Владата како жариште на зараза?
Секоја среда министрите на германската Сојузна влада се среќаваат во конференциска сала на канцеларскиот кабинет во Берлин и разговараат за актуелни прашања и за законите кои се во подготовка. Јенс Шпан е првиот министер кој е позитивен на Ковид-19. Некои министри во последно време не присуствуваа на седниците, но поради претпазливост, а не затоа што се заразени.
Така, на пример, министерот за надворешни работи Хајко Мас беше во карантин бидејќи еден од неговите телохранители беше позитивен на коронавирусот. Во случајот на министерот за земјоделство, Петер Алтмајер, позитивен тест имаше еден вработен во неговото министерство, кој бил присутен со него на состанокот на министрите за трговија во ЕУ во Берлин. Алтмајер за секој случај доброволно се изолираше. А, сојузниот министер за труд Хубертус Хајл се повлече во својата канцеларија, бидејќи добил предупредување од апликацијата за коронавирусот.
Владата продолжува со седниците
Дали заразата на Јенс Шпан ќе значи дека владата во иднина ќе одржува само видео конференции за да се намали ризикот од зараза? Портпаролот тоа јасно го демантираше. „Состаноците на кабинетот и натаму ќе се одржуваат, со почитување на строгите хигиенски прописи за зараза“, одговори тој на прашањето на ДВ.
Тоа значи дека меѓу двајца министри ќе остануваат две празни столчиња. Тука се и заштитните прегради од плексиглас, како и особено чувствителните микрофони, за никој да не мора да зборува гласно и со тоа забрзано да се шират аеросоли во просторијата.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress
9 фотографии1 | 9
Сојузната влада не се распушта
Од друга страна, владата трезвено соопштува: „Сојузниот кабинет се среќава во согласност со хигиенските правила, чија цел е да се обезбеди дури и во случај некој подоцна има позитивен тест на коронавирусот, другите министри да не мораат да одат во карантин“. Се нагласува дека салата за конференции ја проверила берлинската здравствена канцеларија, така што „тестирање на целата Влада поради заразата на министерот Шпан апсолутно не е потребно“.
Карл Лаутербах, пратеник на СПД и стручњак за здравство, исто така смета дека на Владата не ѝ е потребен карантин. „Сите членови на владата се релевантни за системот. Поради тоа министрите едноставно мораат да продолжат со работа, со маска.“
Меѓутоа, постојат извештаи на очевидци кои велат дека членовите на Владата ги извадиле маските на претходниот состанок откако се поздравиле.
План за вонредни ситуации
Што ќе се случи во случај да се разболи канцеларката? Тоа е регулирано со членот 69. од Уставот. Таа може да именува заменик кој ќе треба да ги извршува нејзините задачи. Но, што ако се разболи и заменикот? Тогаш важи она што важи за сите министри во владата: постои редослед на заменици.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
9 фотографии1 | 9
Прво на ред доаѓаат државните секретари во министерствата. Додека се изредат сите, може да потрае - само Министерството за економија има пет државни секретари. По нив на ред се шефовите на одделни одделенија, прво оние со најдолг работен стаж или со најмногу години. За вонредни ситуации е предвидена и процедура за усвојување закони.
Тогаш би се оформил „Парламент за итни случаи“, кој би имал 48 пратеници, пропорционално со актуелниот однос на сили. Бундестагот во моментов има 709 пратеници. Значи, Германија и натаму би ги имала неопходните демократски институции.