1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Најмалку четири мртви и 30 повредени во железничка несреќа

БГ /дпа
3 јуни 2022

Воз излетал од шините во близина на баварскиот туристички центар Гармиш Партенкирхен. Спасувачки екипи се обидуваат да ги извлечат преживеаните во несреќата. Сомнежи дека во возот имало многу деца.

Deutschland | Tote bei Zugunglück in Oberbayern
Фотографија: Network Pictures/AFP

Во железничката несреќа која се случи на линијата Гармиш Партенкирхен-Минхен во петокот, потврдена е смртта на најмалку четворица патници. Повеќе од 30 луѓе се повредени, од нив 15 потешко. Регионалниот воз патувал кон Минхен во моментот кога, од непознати причини, излетал од шините кај селото Бурграин. Три вагони се превртеле по излетувањето.

Полицијата и спасувачките екипи во голем број се обидуваат да ги извлечат заглавените патници од остатоците од возот. Во моментот на несреќата во возот имало 150 патници. Во спасувачките операции учествуваат околу 500 спасувачи. 

Стравувањата на надлежните се дека меѓу патниците имало многу деца, поради почетокот на летниот распуст во таа германска покраина.  

Преживените патници се извлекуваат преку прозорците на возотФотографија: Network Pictures/AFP

„Луѓето се извлекуваат преку прозорците“, изјави портпарол на полицијата која ангажираше и хеликоптери. 

Американски војник кој се затекнал како очевидец на настанот за локалните медиуми изјави дека сцените на кои сведочел биле страшни. „Беше ужасно. Возот едноставно се преврте“.

Превртениот воз во кој е потврдена смртта на тројца патнициФотографија: Network Pictures/AFP

На местото на несреќата во меѓувреме пристигнаа и многу роднини на патниците.

Германската железница им изрази сочуство на семејствата на повредените, и отвори посебна телефонска линија за информации за роднините.

Целосно е запрен и патничкиот сообраќај на околните два автопати затоа што преку нив интервенираат спасувачките екипи и пожарникарите. 

Погледнете повеќе во видеото од несреќата: 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми