На 29 јули човештвото ги потроши сите расположиви ресурси на Земјата како вода, почва и чист воздух за 2019 година. Кои се најретките ресурси кои секоја година се повеќе се тенчат?
Реклама
Вода, почва, фосилни горива, јаглен... Ресурсите на планетата забрзано се трошат, а веќе во следната деценија некои од нив и комплетно ќе исчезнат. На 29 јули годинава, човештвото веќе ги потроши ресурсите за годинава.
Кои се најретките ресурси и како да се зачуваат?
Погледнете во нашата фото-галерија:
Најретките ресурси на планетата
На 29 јули човештвото ги потроши сите расположиви ресурси на Земјата како вода, почва и чист воздух за 2019 година. Кои се најретките ресурси кои секоја година се повеќе се тенчат? Погледнете во нашата галерија
Фотографија: AFP/S. Qayyum
Вода- извор на живот
Во некои делови на светот пристапот до свежа вода се зема здраво за готово, но всушност е луксуз. Свежата вода учествува со само 2,5 проценти од вкупниот волумен на Земјата, а повеќе од половината од неа е мраз. Земјоделството користи 70% од употребливата вода. До 2050, две-третини од светското население ќе страда од недостаток на вода, што пак ќе има одраз врз сите аспекти на човековото живеење.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Почва- новото злато
Трката по земјиште расте низ целата планета. Со растот на светското население, корисното земјиште се намалува, а квалитетот му опаѓа. Екстремните временски услови поради климатските промени само го забрзуваат ефектот. Земјите со бројно население, а малку обработливо земјиште, како Кина и Саудиска Арабија, веќе бараат земјиште во Африка. Земјиштето се смета за ново „злато“.
Фотографија: Imago/Blickwinkel
Фосилни горива- Резервите при крај
Фосилните горива секако треба да најдат места на најретките светски ресурси затоа што не можат да бидат надоместени. Денешната потрошувачка ќе доведе до нивно исцрпување. Тоа може да биде голем предизвик за држави како Ирак или Либија кои традиционално поседуваат големи резерви на нафта и природен гас.
Фотографија: picture-alliance/dpaH. Oeyvind
Јаглен – Време е да се напушти
Истото важи и за јагленот. Дури и земји како Германија се уште не се откажуваат од овој загадувачки извор на енергија. Но резервите се тенчат. Во Полска, резервите на лигнит во рудниците ќе се потрошат до 2030 година. Тврдиот јаглен можеби ќе потрае подолго, но не предолго, предупредуваат експертите. Оттука, земјата ќе мора да се откаже од јагленот набрзо- дури и ако тоа многу боли.
Фотографија: picture alliance/PAP/A. Grygiel
Песок- насекаде и никаде
Доколку ги погледнете пустините, песокот се чини бескраен, но неговата природна репродукција всушност е бавен процес. Песокот е обновлив ресурс, но толку масовно се користи во градежништвото што природата нема време да го репродуцира. Во регионите во развој, како во источна Африка, каде населението ќе се удвои до 2050 година, песокот може да стане баран ресурс.
Фотографија: picture-alliance/ZB/P. Förster
Исчезнување на животинските видови
Неодговорното однесување кон живите суштества на планетата доведе неколку видови до граница на исчезнување. Животните насекаде се сметаат за ресурс на човештвото, но повеќе видови веќе се на граница целосно да исчезнат. Доколку нивната експлоатација продолжи, ќе биде загрозено и човештвото.
Фотографија: picture-alliance/Zuma/I. Damanik
Најбараниот ресурс? Времето
Се чини дека се се распаѓа и дека веќе ништо не може да се стори за да се спречи црната иднина. Но, на располагање се уште имаме време, малку, но сепак вреден ресурс. Некои тврдат дека климатските промени се уште можат да бидат спречени доколку се преземе акција во следните 12 години. И барем еднаш можеме да го користиме ресурсот до крај. Нема веќе време за чекање.