Сончева бура ја погаѓа Земјата
24 јануари 2012Реклама
За природата и луѓето на Земјата сончевата бура не е опасна, со оглед на тоа што таа не пробива низ природното магнетно поле и атмосферата. Сепак, со ваква јачина како денешната, од бурата може да се озрачат патници и екипаж во авиони кои летаат многу високо. Навигационите системи на авионите особено се попречувани во работата ако летаат во близина на половите на Земјината топка. Сепак, двете опасности што со себе ги носи сончевата бура може да се избегнат, со тоа што ќе се променат рутите на летање на авионите.
Таканаречениот плазма-облак се отцепи од Сонцето вчера (23.01). Бурата на почетокот имаше брзина од повеќе од две илјади километри во секунда, што е околу 7,2 милиони километри на час.
Автор: ЕМФ/ дпа
Редактор: А. Трајковска