Македонскиот главен град е на дното на листата на 209 светски градови според трошоците на живот за доселеници. На врвот е Луанда, Ангола која на првото место го замени Хонг Конг. На дното се повеќе балкански градови.
Реклама
Заедно со Тунис и главниот град на Киргистан - Бишкек, Скопје е на дното на листата според трошоците за живот. Од консултантската куќа Мерсер, која традиционално ја изработува оваа листа, за ДВ објаснуваат дека падот од 7 места на Скопје во однос на минатата година се должи на дефлацијата на цените на потрошувачката и падот на вредноста на денарот во однос на доларот за 4 проценти во последниот период. Има мал раст на цената на домувањето, но недоволно за „повисок“ пласман. Слично се рангирани и останатите балкански градови.
Луанда повторно го замени Хонг Конг на првото место на листата најскапи градови во светот за доселеници на агенцијата Мерсер. Податоците покажуваат дека странец за изнајмување на апартман со две спални соби во африканската метропола треба да плати околу 6,000 долари месечно. Ни за храна нема да минете поевтино: еден хамбургер ќе ве чини околу 15 долари.
Целата листа погледнете ја во нашата фото-галерија:
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
Македонскиот главен град е на дното на листата на 209 светски градови според трошоците на живот за доселеници. На врвот е Луанда, Ангола која на првото место го замени Хонг Конг. На дното се повеќе балкански градови.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Луанда, Ангола
Луанда повторно го замени Хонг Конг на листата најскапи градови во светот за доселеници на агенцијата Мерсер. Податоците покажуваат дека странец за изнајмување на апартман со две спални соби во африканската метропола треба да плати околу 6,000 долари месечно. Ни за храна нема да минете поевтино: еден хамбургер ќе ве чини околу 15 долари.
Фотографија: N. S. D´Angola
Хонг Конг, Кина
Минатата година беше на врвот, а сега едно место подолу. Хонг Конг одамна важи за еден од најскапите градови во Азија и во светот. Неговата валута е врзана за американскиот долар, што ги зголемува цените на становите и услугите. Очекувајте да платите околу 8 долари за едно кафе.
Фотографија: picture alliance/dpa/L. Xiaoyang
Токио, Јапонија
Јапонскиот главен град се искачи на третото место, откако лани заврши на петтата позиција. Растот на цените најмногу се должи на зголемувањето на вредноста на националната валута- јенот.
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi
Цирих, Швајцарија
Цирих е глобален центар на банкарството и финансиите. Со години важи за најскап град во Европа, а годинава е на четврто место во светот. Во првите десет на листата се наоѓаат уште два швајцарски града- Женева и Берн.
Фотографија: Fotolia/bill_17
Сеул, Јужна Кореја
Главниот град на Јужна Кореја со години бележи раст на листата на скапотија и годинава се проби до шестото место. Минатата, 2016 година, беше на 16. место.
Фотографија: Getty Images
Шангај, Кина
Шангај, заедно со неколку други кинески метрополи бележи пад на листата на најскапи градови. Падот во најголем дел се должи на намалувањето на вредноста на националната валута- јуанот на светските пазари и особено во однос на доларот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Њујорк, САД
Њујорк со години е во врвот на најскапите светски градови. Со децении е број 1 во САД, а годинава е на 9. место во светски рамки. Очекувајте дека во американската метропола ќе мора да издвоите најмалку 5,000 долари месечно за ненаместен стан со две спални соби.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. A. Clary
Москва, Русија
Москва веќе долго котира високо на оваа листа, а годинава е на 14 место. Тоа во најголем дел се должи на високата цена за домување која во просек се движи околу 4,000 долари за стан со две спални соби. Од друга страна, килограм леб во Москва чини околу 3,3 долари, што е убедливо најевтино во конкуренција со другите скапи градови.
Фотографија: picture alliance/dpa
Белград, Србија
Белград е меѓу најевтините градови на листата и се наоѓа на 198 место, во „сендвич“ меѓу Сараево на 202. место и Тирана на 189. Балканските градови, без исклучок, се рангирани како евтини на листата на Мерсер.
Фотографија: Fotolia/aerogondo
Скопје, Македонија
Заедно со Тунис и главниот град на Киргистан - Бишкек, Скопје е на дното на листата според трошоците за живот. Од Мерсер објаснуваат дека падот од 7 места во однос на минатата година се должи на дефлацијата на цените на потрошувачката и падот на вредноста на денарот во однос на доларот за 4 проценти во последниот период. Има мал раст на цената на домувањето, но недоволно за „повисок“ пласман.