1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најубави олдтајмери на сите времиња

Сертан Сандерсон/сн7 април 2016

Во германскиот град Есен портите ги отвори најголемиот саем на класични автомобили во светот. На Техно-Класика можат да се видат најубавите олдтајмери на сите времиња. Издвоивме и Топ 10 галерија по хронолошки редослед.

Oldtimer 1925 Rolls-Royce Phantom
Фотографија: picture alliance//HIP/National Motor Museum

Германците ги обожуваат своите автомобили, затоа не зачудува тоа што најголемиот стручен саем за олдтајмери се оддржува во Германија. На 28. издание на Техно-Класика (7.4.-11.4.2016) во Есен годинава се очекува преку 200 илјади посетители да ги водат експонатите на околу 1250 излагачи од 40 земји. Мотото на манифестацијата во 2016 година гласи „Сподели ја страста“. Тоа може да се интерпретира како отворена покана за сѐ уште свежите олдтајмер-ентузијасти, со оглед на тоа што сѐ поголем број млади луѓе стануваат обожуватели на класичните авто-модели . Сѐ уште многу од овие модели можат да учествуваат во сообраќајот, а со малку среќа дури може и за пристојна цена да се набави некој нереставриран примерок.

Сосема специфична врска со олдајмерите

Класични облини и гласно татнечки мотори: многу Германци се воодушевени од тоа. Постојат бројни одлтајмер-клубови, и секогаш кога некаде во земјата се изложуваат олдтајмери, посетеноста е секогаш многу голема. Од 90-те години наваму обожувателите на олдтајмери редовно организираат групни патување до Куба за таму на лице место да се воодушевуваат на олдтајмерите кои таму се редовна глетка на улиците поради долгогодишната економска изолација на земјата.

Впрочем и изразот „олдтајмер“ е германска измислица, без оглед што звучи целосно англиски. Имено во англискиот јазик овој збор воопшто го нема и вообичаено се користи зборот „винтиџ“ . Овој полн со љубов однос кон старите лимузини во наредните денови безброј пати ќе одекнува низ халите на Техно-Класика.

За да стекнеме барем мал впечаток за тоа во продолжение нудиме галерија по хронолошки редослед на најубавите олдтајмери на сите времиња.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми