1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Авганистан му е потребна безбедност пред се

6 ноември 2003

Делегацијата на Советот за безбедност на ОН под водство на германскиот амбасадор во светската организација Гинтер Плојгер вчера ја заврши петдневната посета на Авганистан. Беше тоа патување во полза на владата на Хамид Карзаи и апел до моќните во Авганистан да направат нешто за неопходната стабилизација на земјата. Петтдневната посета на делегацијата беше под знакот на безбедноста, зашто во Авганистан место оружјето мора да започне да владее правото, изјави германскиот амбасадор Плојгер. Тој ги повика политичките и воените групации во земјата да ја поддржат централната влада во Кабул. Авганистан сега мора од лојалноста кон личности, да се префрли кон лојалност на институциите. Некои од моќните ја послушаа оваа порака, па така делегацијата беше информирана дека гувернерот на провинцијата Херат, Исмаил Кан решил дел државните приходи да ги префрла врз владата во Кабул. Приходите од царината тој ги задржуваше за себе. Во Масар- и- Шариф, дипломатите побараа од судрените генерали Абдул Рашид Достум и Ата Мохамед да ги запрат меѓусебните борби кои во изминатите недели беа најжестоки од паѓањето на Талибанците за да си обезбедат за себе власт во западните региони на Авганистан. Сега обајцата му искажаа доверба на Кабул, како и готовност да најдат решение за кризата. Во главниот град делегацијата побара од министерот за одбрана Мохамед Фахим конечно да ги повлече своите трупи од Кабул. Гинтер Плојгер предупреди луѓето на југот од земјата од каде што потекнуваат Талибанците да не бидат исклучени од изборите превидени за идната година. Тие секако мораат да учествуваат во нив. Плојгер изјави дека Советот за безбедност ја подржува опцијата за одвоени претседателски и парламентарни избори како што е предвидено во новиот устав претставен во понеделникот. Меѓутоа, хуманитарната организација "Акбар" предупредува на тоа дека многумина Авганистанци се скептични во политичките процеси и веруваат дека за изборите нема да решава народот туку Американците, а заклучокот се изведува од фактот дека американската влада врши голем притисок во полза на Хамид Карзаи.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми