1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БЕГ ќе остане без уште две лиценци

ДТЗ
27 јуни 2022

Се очекува Регулаторната комисија за енергетика денеска да ѝ ги одземе на Балкан енерџи и лиценците за дистрибуција и снабдување, откако минатата недела компанијата ја загуби лиценцата за парно греење во Скопје.

Symbolbild Steigende Energiepreise
Фотографија: Friso Gentsch/dpa/picture alliance

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на главна седница се очекува да ѝ ги одземе и остатите две лиценци на Балкан енерџи (БЕГ) - за дистрибуција и снабдување, откако минатата недела компанијата ја зaгуби лиценцата за парно греење во Скопје. Портпаролката на РКЕ, Марина Узунов за ДВ потврдува дека овие две точки се на дневен ред на денешната главна седница на регулаторното тело.

Ваквиот чекор се презема откако беше побаран престанок на важење на лиценцата поради неможноста за понатамошно нормално функционирање, кредитна неспособност на БЕГ и неможност да ги обезбедат потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона. 

Топката се префрла кон ЕСМ 

По ваквата одлука, Владата заедно со Министерството за економија, ќе треба да организира јавен повик за избор на нов оператор за производство на топлинска енергија. Надлежните уверуваат дека скопјани нема да имаат последици од одлуката и дека ќе се најде решение за проблемот пред почетокот на грејната сезона. 

Со оглед на тоа дека  Град Скопје не сака да ја преземе обврската за затоплување на градот, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека лиценцата на БЕГ ќе оди на тендер, а доколку не се јави ниту една приватна компанија, управувањето со производството на топлинска енергија ќе го преземе ЕСМ. И првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски смета дека оваа дејност треба да ја врши една компанија и да биде интегрирано во една лиценца.

„Имајќи ги предвид искуствата на други градови од бивша Југославија, оваа дејност ја вршат компании во државна сопственост или во сопственост на општините и градовите, како Љубљана, Белград, Нови Сад, Сараево… Ако ме прашувате мене лично, оваа дејност треба да ја врши компанија во државна сопственост, затоа што Градот Скопје не покажа интерес да се бави со оваа дејност“, изјави минатата недела Бислимоски. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми