1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Блатер и на Платини веќе им „одѕвони“?

ЖА/дв/дпа/афп/ртре21 декември 2015

Сензацијата беше со претходна најава: Етичкиот комитет на ФИФА ги суспендира претседателот во заминување Сеп Блатер и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини на по осум години.

Фотографија: Getty Images/M. Rose

Деновите на Сеп Блатер и Мишел Платини во светскиот фудбал се дефинитивно одбројани. Етичкиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендира претседателот во заминување Сеп Блатер и првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини на по осум години. Блатер и Платини се казнети поради тоа што претседателот на ФИФА му платил на Французинот во 2011 година околу 1,8 милиони евра, односно два милиони швајцарски франци за советодавни услуги на основа на усмен договор. Истрагата се сомневаше дека плаќањето всушност е мито за победата на Блатер на претседателските избори во летото истата година. Двајцата функционери постојано ја истакнуваа правната исправност на плаќањето, но судиите одлучија поинаку. Блатер и Платини се казнети поради понуда и прифаќање подароци и други погодности, конфликт на интереси, прекршување на обврската на лојалност и на општиот кодекс на однесување. За обвинувањето за поткуп и корупција, од аспект на Етичкиот комитет, доказите не биле доволни. Воедно, Блатер мора да плати казна од 46.000 евра, а Платини од 74.000 евра.

Избор на наследник на Блатер во февруари

Конгресот на ФИФА на 26 февруари сега добива решевачко значење. Некои од кандидатите за наследник на Сеп Блатер најавија залагање за коренити реформи. Блатер првично сакаше самиот да раководи со гласањето за свој наследник, но неговиот план пропадна по одлуката на Етичкиот комитет. За функцијата се пријавени петмина кандидати. Покрај јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин и шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа од Бахреин, конкурираат Французинот Жером Шампањ, генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино од Швајцарија и Јужноафриканецот Токио Сексвале.

Платини отпаѓа како можен кандидат за наследник на Блатер. Тој имаше можност да се пријави до 26 јануари, но поради суспензијата тоа сега отпаѓа.

„Јас сум веќе осуден, јас сум веќе проколнат“, изјави Платини преку еден од своите адвокати во саботата. Блатер и Платини како следна инстанца против пресудата на располагање ја имаат Комисијата за жалби на ФИФА, а потоа Меѓународниот спортски суд. Блатер и Платини веќе најавија жалба. Во секој случај, имиџот на ФИФА претрпе огромни штети.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми