1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Галичица ќе се гради ски-центар

СН/БГ/миа26 март 2012

Македонската влада го прифати барањето на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) за изградба на зимски скијачки центар на планината меѓу Охридското и Преспанското езеро.

Фотографија: DW

Владата во Скопје денеска објави дека го задолжила ресорното министерство за економија во најкус можен рок заедно со претставници на ХОТАМ да ја проверат можноста за изградба на зимски туристички центар на Галичица, односно идејниот проект што би се реализирал преку формирање јавно приватно партнерство.

Самиот проект за изградба на зимски туристички центар е покренат во 2006. година, а предвидува почетна инвестиција во висина од 2,86 милиони евра, за изградба на прифатен скијачки центар со сета потребна инфраструктура за зимски туризам и три локации за ресторани од монтажен карактер.

Поволна инфраструктура

Предвидено е в среда во Охрид да се одржи состанок на членовите на ХОТАМ, на кои ќе се разговара за нивната заинтересираност за реализација на тој проект.

Инаку, со својата местоположба како и поволните временско-метеоролошки услови Галичица пружа идеални услови за развој на туризмот, и тоа преку целата календарска година. Особеносе добри условите за развој на зимскиот туризам, за кој од ХОТАМ сметаат дека би придонел за поголем економски развој, би овозможил директна егзистенција на одреден број граѓани и би ја збогатил целокупната туристичка понуда во Охридско-преспанскиот регион, но и продолжување на туристичката сезона за 60 до 70 дена.

Националниот парк ГаличицаФотографија: DW

Во 70-те години на минатиот век на Галичица имаше еден стар сместувачки објект изграден во планинарски стил со 120 легла. Во тој период беше направена и ски-патеката, а од страна на туристичките агенции беа поставени и два монтажни ски-лифтови, со што во одредени викенди на Галичица имаше и до илјада посетители дневно, а се одржаа и неколку велеслаломски трки во рамки на тогашното републичко првенство. Иако со одлука на тогашните општински институции согласно одобрениот план на Дирекцијата за просторно планирање во 1977 година беше одобрен Основниот урбанистички план за изградба на Спортско-рекреативен центар на Галичица, иницијативата замре поради еден немил настан кога изгоре бараката на феријалниот сојуз.

Во прилог на иницијативата за изградба на ски-центар на Галичица оди и податокот што речиси постојат сите неопходни инфраструктурни предуслови за негово функционирање, уште повеќе што доколку проектот биде реализиран, Галичица би била скијачки центар со најмала оддалеченост од меѓународен аеродром на Балканот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми