Кога Ангела Меркел свикува „самит“ во својот кабинет, тогаш проблемот мора да е голем. Недостатокот на стручна работна сила всушност станува сè поголем. Нов закон треба да помогне во надминување на проблемот.
Реклама
430.000 бегалци најдоа работа во Германија во изминатите четири години. Но, тоа е далеку од доволно за да се задоволи недостигот на висококвалификувани работници. За секоја втора компанија во Германија, недостигот од квалификувани работници веќе стана најголем од сите деловни ризици. Германската индустриска и трговска комора, големо стопанско здружение, го утврди ова во својата анкета.
А на повидок нема подобрување. Напротив: во наредните години, може да се предвиди дека во Германија ќе се пензионираат толку многу работници што до 2030 година ќе недостасуваат 6 милиони работоспособни. Во моментов во германските занаетчиски претпријатија има недостиг од 250.000 работници кои би можеле веднаш да добијат работно место.
Згуснување на редовите на највисоко ниво
Проблемот е толку голем што Ангела Меркел вчеравечер организираше самит за стручна работна сила во својот кабинет. Покрај министрите и политичарите од сојузните покраини, на маса седнаа и претставници на водечките здруженија на германското стопанство, германскиот сојуз на синдикати и сојузната агенција за вработување.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц зборуваше за далекусежен чекор во историјата на Германија. За првпат во неговата долга политичка кариера, рече Шолц, се случува буквално сите да се согласат дека е потребна имиграција и дека е само прашање како тоа може да се организира што е можно подобро. Претседателот на здружението на работодавачи Инго Крамер додаде: „Ретко имало толкав консензус."
Промена на парадигмата
На 1 март 2020. година во сила стапува законот со кој треба да им се олесни на квалификуваните професионалци од земјите кои не се членки на ЕУ, меѓу нив и од земјите од Западен Балкан, да се преселат во Германија. „Законот е промена на парадигмата во начинот на кој сакаме да ѝ пристапиме на стручната работна сила надвор од Европската унија“, рече канцеларката Меркел.
На самитот стана збор и за тоа како законот може да се прилагоди за да дејствува што е можно побрзо. „На економијата тоа ѝ е неопходно“, потенцира претседателот Крамер. Не смее да има долги бирократски процедури, повеќемесечно чекање на термин и процедури за проверка.
„Неопходни ни се процеси со кои јасно ќе покажеме дека сме заинтересирани за тоа луѓето да доаѓаат кај нас“, рече канцеларката.
Меѓу другото, одобренијата за доаѓање во Германија треба забрзано да се обработуваат. Ова го вети министерот за надворешни работи Хајко Мас, кој сака да ги зголеми капацитетите за издавање визи и да ги дигитализира процесите. На тој начин, апликациите сѐ повеќе може да се обработуваат и во Германија, а не само во германските амбасади. Од 2021 година, оваа задача ќе ја преземе нова сојузна канцеларија за надворешни работи.
Неколку совети за аплицирање за работа во Германија
Во Германија, апликантите често пати грешат за исти работи. Еве неколку совети како да го направите следниот чекор во процесот на вработување. Многу нешта звучат очигледно, но не ги потценувајте!
Фотографија: Colourbox
ТРЕБА: Аплицирајте за реалистични работни места
Прочитајте го описот на работното место и бидете сигурни дека ви одговара. Доколку тукушто излегувате од училиште, немојте да аплицирате за директорско место. Но, истовремено не бидете прескромни. Компаниите често добиваат огромен број апликации и посветуваат едвај 5 минути за секој кандидат. Доколку веднаш не увидат дека одговарате, Вашата апликација ќе заврши во одбиените.
Фотографија: picture-alliance/dpa
НЕ ТРЕБА: Да испраќате нецелосни апликации
Бидете сигурни дека испраќате се што е потребно за огласот. Секогаш нека ви бидат подготвени документите, за да не пребарувате во последен момент. Најчесто ќе ви требаат Биографија, Мотивациско писмо, препораки и ПДФ копии на дипломите, како и други документи кои ја докажуваат Вашата квалификација.
Фотографија: C. Klose/dpa/picture alliance
ТРЕБА: Држете се до стандардот
Иако креативноста е често добар квалитет, треба да водите сметка за некои германски стандарди во апликацијата, на пример: датум на раѓање, брачен статус - и најконтроверзно- Ваша фотографија.Тоа е традиција во Германија. Повеќе не е неопходно, но комисиите сакаат да ја видат, макар и само за да им помогне да ги запаметат кандидатите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Испраќање до непознат
Не ја адресирајте апликацијата со „До засегнатите“ или „Драги г-не, дрaга г-ѓо“. Потрошете малку време на истражување на компанијата и пронајдете кој е шеф на човечки ресурси. Тоа покажува иницијатива и интерес. Пребарајте на интернет страницата на компанијата или на социјалните мрежи за да знаете кому да се обратите. Не заворавајте да ја наведете и адресата на компанијата на писмото.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose
ТРЕБА: Лекторирајте
Ова е нешто што оние кои регрутираат постојано го потенцираат- лекторирајте! Лесно е, бесплатно и не одзема многу време. За некои оддели едноставните јазични грешки се крај. Други имаат повеќе разбирање, но сепакт остава многу лош впечаток, особено ако другите апликанти се потрудиле нивната апликација да биде безгрешна.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Да го правите сами
Побарајте помош или совет, особено доколку не сте од Германија и не ви е мајчин јазик. Нека препрочитаат и нека ви сугерираат идеи. Дури и доколку Биографијата ви е на англиски, вашето мотивациско писмо треба да е на германски. Работодавачите веројатно ќе сфатат дека некој ви помогнал, но ќе знаат и дека ви било важно да се претставите во најдобро светло.
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Marks
ТРЕБА: Да биде автентично
Лажење во апликацијата е лоша идеја. Бидете свои и бидете креативни. На германскиот пазар на трудот сега е далеку понеформално во однос на изгледот. Тетоважи, пирсинг и шорцеви до неодамна беа неприфатливи. Сега дури и полицајците си ги покажуваат тетоважите. Овие добредојдени промени имаат врска со дигитализацијата и недостатокот на квалификувани работници.
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Matthews
НЕ ТРЕБА: Да бидете неконзистентни
Вашето резиме и мотивациското писмо нека бидат конзистентни. Тоа се однесува на форматот, фонтот, јазикот, сѐ. Тоа се првите нешта кои се гледаат и кои оставаат впечаток. Содржината исто така мора да биде конзистентна: датуми, места, настани... не смее да има разлика. Во суштина, подобро е да се испрати повеќе одошто помалку. Но, истовремено, не претерувајте со текст од 30 страници!
Ова е важна животна лекција која многумина се уште ја игнорираат кога постираат пијани фотографии или неприкладни нешта. Замислете што ќе помисли идниот шеф за Вас? Дополнително, вашите социјални профили треба да бидат ажурирани и да покажуваат позитивен имиџ на прикладен кандидат за работното место кое се бара.
Фотографија: picture-alliance/empics/D. Lipinski
9 фотографии1 | 9
Најголем проблем останува јазикот
Исто така, треба да се подобри и признавањето на професионалните квалификации. Бидејќи не се секогаш споредливи со германските дипломи, економијата треба да помогне кај квалификациите со сопствени образовни институции и со поддршка во компаниите. Програмите за учење на германскиот јазик треба да се прошират, бидејќи недоволното познавање на германскиот јазик сè уште е најголем проблем. Според германскиот министер за труд Хубертус Хајл, не се потребни студии по германистика, но важно е познавање на германскиот јазик доволно за доселениците да се снајдат во стопанството и во општеството.
Германскиот министер за економија Петер Алтмајер е сигурен дека германските компании во кои англискиот работен јазик, ќе регрутираат стручни работници кои ги исполнуваат овие услови.
Само намалување на бирократијата не е доволно
Настрана од сите мерки, според Ангела Меркел навистина важно е Германија во трети земји да се претстави како космополитска, како заинтересирана земја. „Германија мора да нуди атрактивни услови за работа, но и атрактивно социјално опкружување“, рече канцеларката.
Но, токму тоа често не е случај. Според студијата на фондацијата Бертелсман и ОЕЦД, Германија не е особено привлечна за странските академици. Во рамките на 36-те членки на ОЕЦД, Германија се наоѓа на 12-то место. Австралија, Шведска и Швајцарија се на врвот на листата на најпривлечни земји за иселување.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
11 фотографии1 | 11
Поуверлива култура на добредојде
Постојат многу причини за тоа. Во Германија платите се помали отколку во другите земји на ОЕЦД. Ако се земат предвид даноците и нивото на цените, Германија е на 25-то место. Покрај тоа, не е сосем едноставно да се започне кариера во Германија со странска факултетска диплома или професионална квалификација. Додека 77 проценти од луѓето родени во Германија со академски степен работат во висококвалификувана професија, бројката за доселеници од земји надвор од ЕУ со странски дипломи кои работат во таква професија е само 40 проценти.
На крајот од краиштата, одлучувачки фактор во прв ред е интеграцијата во општеството. „Ако луѓето треба да останат тука, важно е тие овде да се чувствуваат како дома по одреден временски период“, смета претседателот на здружението на работодавачи Крамер. На Германија ѝ треба поубедлива култура на добредојде. „Мораме да се подобриме во тоа“, заклучува Крамер.