1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

На Германија очајно и недостасуваат учители

Ненси Ајсенсон
1 септември 2018

Во германските училишта недостасуваат речиси 40.000 просветни работници. Едно од решенијата би можело да биде вработување дипломирани студенти кои не се квалификувале на традиционален начин.

Symbolbild | Schule Unterricht Schulklasse Schüler
Фотографија: imago/photothek/F. Gaertner

„Во последните три децении не сме имале толку драматичен недостиг на просветни работници во Германија", истакна Хајнц-Петер Мајдингер. претседател на Здружението на просветни работници на Германија пред почетокот на учебната година: „Вкупно недостасуваат околу 40.000 учители и наставници". Затоа работата привремено ја вршат почетници, пензионери и студенти - или местата едноставно остануваат испразнети.

„Пчетокот на учебната година во многу покраини покажува дека нашата земја е во опасност, и оти ситуацијата постепено се движи кон образовна криза", рече Фолкер Каудер политичарот на Христијанско-демократската унија, сопартиец и  еден од најблиските соработници на Ангела Меркел.

Проблемот е последица на многу фактори: зголемување на наталитетот, голем прилив на бегалци, пензионирањето на многу учители, недостигот од инвестиции во образованието и високи бариери за запишување на програмите за обука на наставници на универзитетите.

Најмногу се погодени училиштата во кои наставниците се најмалку платени: основните, трговските училишта и училишта за деца со пречки во учењето. Образовните установи во големите градови, на пример, во најсиромашните населби во Берлин, како и училиштата во руралните средини, најтешко наоѓаат нови наставници.

Професионални новодојденци

Некои покраини се обидуваат да го решат недостатокот на наставен кадар, пуштајќи  во училниците луѓе без диплома за просветен работник. Северна Рајна-Вестфалија, како најнаселена покраина во Германија, вработува дипломирани студенти без работно искуство за да ја стекнат потребната обука директно во училиштата. По две години теорија и пракса, тие треба да бидат квалификувани наставници.

Уште во 2013 година, 16-те покраински министри за образование се согласија дека последна резерва ќе бидат луѓе кои ги промениле своите кариери и сакаат да станат наставници - со други зборови, професионални новодојденци. Сè само за да се пополни привремениот недостаток . Меѓутоа, тие стануваат долгорочно решение за овој проблем, вели професорот Удо Бекман, раководител на синдикатот на наставници на ВБЕ. Во телевизиско интервју тој повикува на единствени стандарди за обука на ваквите новодојденци.

Во минатата година преку овие обуки беа квалификувани околу 4.400 луѓе, но сеуште има 34.300 испразнети работни места низ целата земја. Најголем број на такви промени во кариерата се забележани во покраините Берлин (1.270), Саксонија (1.100) и Северна Рајна-Вестфалија (800). Берлин и Саксонија се покраини во кои просветни работници се најнеопходни, но им се пружа најниска сигурност. Во повеќето други покраини, просветните работници се државни службеници со постојани договори и атрактивни бенефиции.

#DE_facto: За прваче - 2.250 евра

02:51

This browser does not support the video element.

Голема загриженост

Некои ја исмеваа идејата за ангажирање на вакви професионални новодојденци, иако тие заслужуваат признание за желбата да работат со деца. Каудер вели: „Јас сум многу загрижен за квалитетот на наставата“. Експертите како педагогот Јерг Рамзегер тврдат дека луѓето кои ќе дојдат во позиција на наставници без традиционалното образование немаат време да се размислуваат за тоа дали  се способни да ја извршуваат  работата.

„ На факултет, студентите имаат пет години за да научат како децата мислат, учад и  да обликуваат современо опкружување за учење", изјави Рамзегер за весникот Тагесшпигел. „ Во текот на нивните студии и пракса, студентите можат самите да се преиспитаат и да размислат дали навистина сакаат да работат со деца ".

Традиционалниот пат за да се стане просветен работник е тежок. Оценките од средно училиште мора да бидат речиси совршени за да се биде  примен на програмите за обука на универзитетите во траење од седум до осум години.

Критичарите на овој традиционален пат, како професорото на универзитетот во Хамбург и поранешен наставник, Петер Штрук, велат дека пречите за упис се премногу високи, и оти има преммалку места - што пак води кон мал број дипломирани студенти.„Квалитетот на наставата нема никаква врска со оценките“, изјави Штрук за неделникот Цајт.

Едно неодамнешно истражување  на фондацијата Бертелсман дава проценка дека треба да се вработат вкупно 105.000 учители до 2025 година за да се задоволат потребите на германските основните училишта. Во исто време, дотогаш се очекуваат максимално 70.000 дипломирани просветни работници. Ако бројките се точни,  професионалните новодојденци најверојатно ќе станат вообичаен појава.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми