1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Се враќаат патниците од држави кои не се членки на ЕУ

ЕМФ / ројтерс
18 март 2020

Луѓето кои на германските аеродроми пристигнуваат од држави кои не се членки на ЕУ се враќаат назад веднаш. Бројот на оние кои во Германија дошле до денеска изутрина не е голем.

Coronavirus in Deutschland Frankfurt Flughafen Reisende in Schlange
Фотографија: picture-alliance/empics/The Canadian Press/D. Dyck

На патниците им се укажува дека ЕУ забрани влез за лица кои се државјани на земји кои не се дел од Унијата. Забраната важи 30 дена. Граѓаните кои немаат пасош од земја членка на ЕУ, но имаат дозвола за престој и живеалиште во Унијата, не се опфатени со забраната.

Како да разговарате со децата за коронавирусот?

01:17

This browser does not support the video element.

Портпарол на германската полиција на аеродромот во Франкфурт изјави дека бројот на оние кои мора да се вратат со наредниот лет не е голем. „Сѐ уште доаѓаат луѓе, но постои прегледност“, изјави портпарол на аеродромот во Минхен. Тој додаде дека се работи за низок двоцифрен број на патници кои во време на носење на одлуката веќе биле во авион на пат за Минхен.

Повеќе:

РКИ: Вакцина против коронавирусот е реално да се очекува наредната пролет

Без забрани, нема спас од коронавирусот!

Фотографија на денот: Празни возови поради коронавирусот

На аеродромот во Франкфурт полицијата до изутринава изброја нешто повеќе од сто патници на кои не им е дозволен влез во Германија. Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден веќе да не доаѓаат граѓани од држави кои не се членки на ЕУ поради тоа што авиокомпаниите на аеродромите веќе нема да земаат патници без дозвола за патување.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми