1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата за инфлацијата: Ердоган го смени главниот статистичар

СН/агенции
29 јануари 2022

Турција со месеци се бори со висока стапка на инфлација. Државниот завод за статистика неодамна објави највисока вредност во речиси две децении. Сега неговиот шеф ја загуби функцијата.

Türkei Präsident Recep Tayyip Erdogan
Фотографија: Adem Altan/Getty Images/AFP

По дебатата за високата стапка на инфлација, која беше објавена во годишните статистички извештај, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го смени шефот на националната статистичка агенција. 

Шефот на Националниот завод за статистика, Саит Ердал Динцер, беше цел на критики откако на почетокот на јануари ги објави податоците според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 насто, што е највисоко ниво во последните 19 години. Опозицијата соопшти дека овој број е потценет, наведувајќи оти зголемувањето на трошоците за живот се најмалку двојно поголеми.

Во денешниот декрет, Ердоган не ја објасни својата одлука за нов шеф на државната статистика наместо Динџер да го именува Ерхан Цетинкај, поранешен потпретседател на турскиот банкарски регулатор. Инфлацијата во Турцијапоради падот на лирата се зголеми на над 36 отсто што претставува рекорд од септември 2002 година.

Во Турција со месеци наназад растат цените на прехренбените и други потрошувачки производиФотографија: Adem Alta/AFP

Меѓутоа, Ердоган, во непријатната ситуација 18 месеци пред претседателските избори, продолжува да ги брани своите ставови.

Растот на потрошувачките цени, кои се поголеми седумкратно од владината првобитна цел, се објаснува со падот на турската лира во однос на доларот од речиси 45 насто на годишно ниво.

Свесен дека штетата која не е нанесена само на економијата туку и на неговиот рејтинг на доверба, Ердоган на почетокот на јануари вети дека „што е можно побрзо, ќе ја врати инфлацијата на едноцифрена вредност“.

I

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми