1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Италија и` треба млада работна сила

22 јули 2011

Должничката криза во еврозоната ја зафати и Италија. Владата најави мерки на штедење. Мора да се штеди дури и на образованието, вели италијанската влада, а токму младата работна сила му е потребна на стопанството.

Италија во кризаФотографија: AP

Се’ додека машините работат и производството е во тек, Масимо Мачучели е задоволен. Тој е еден од многуте мали стопанственици на северот од земјата. Во неговата фирма има 16 вработени. Во погонот недалеку од Милано се произведуваат елементи за амбалажа со помош на леплива лента. Масимо е во потрага по млади луѓе, заинтересирани за пракса во неговата фирма: „Да се работи овде значи да се научи како функционира комплетниот процес. Во нашето мало претпријатие мора да бидете во состојба да работите се’. Токму ова за младите Италијанци не е воопшто атрактивно. Тие веруваат дека покрај школувањето и студирањето, паралелно можат да направат и кариера. За такво нешто недостасуваат практикантски места“, објаснува Масимо.

Се поставува прашањето, каква е тогаш улогата на стручните училишта во земјата? Во близина на аеродромот во Милано се обучуваат работници во авиоиндустријата. За практичната настава потребни им се работилници, но училиштата немаат доволно пари за такво нешто. Згора на тоа, италијанската влада во Рим најавува нови мерки за штедење во образованието: „Разни видови материјали за обработување што ни се потребни во текот на школската година чинат околу 60.000 евра. За тоа немаме повеќе пари, односно да купуваме нови материјали и подобри машини за наставата. Можеме само да се надеваме дека штедењето нема да не` уништи“, вели Ана Скалтрити, директорка на училиштето.

Образованието во државните стручни училишта за младите Италијанци е се’ помалку популарно

Ќе најде и премиерот Берлускони решение на проблемите во ИталијаФотографија: dapd

Поголемиот број од младите се одлучуваат да студираат на универзитет. Како последица од тоа се јавува недостаток на млада квалификувана работна сила. Ова конкретно значи дека четири од десет места за пракса остануваат непополнети: „Италија нема никаков план за во иднина. Тоа се гледа пред се ’ во образованието, како на пример во машинството, кое претставува столб на нашата економија. Тоа потполно се занемарува. Ние Италијанците познати сме по т.н. мануелни вештини. Но, владата не размислува околу правецот, во кој треба да ја води земјата“, вели Масимо Мачучели.

Инаку, околу 95 проценти од производните ленти Масимо ги извезува во Европа. Половината од нив ги купува Германија. Затоа и` се надева на економските зделки во странство, бидејќи не верува во опоравувањето на стопанството во земјата, како ни во тоа дека младите Италијанци би сакале во иднина да работат кај него.

Автор: Филип Цан/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми