1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Косово е прогласена петдневна жалост

23 јануари 2006

Илјадници граѓани во редици чекаат за последен пат да се простат од политичкиот лидер, кој со највиоки почести ќе биде погребан во четврток 26 јануари

Посмртните останки на престедателот Ибрахим Ругова денеска и утре ќе бидат изложени во холот во зградата на собранието во главниот град на Косово, Приштина. Почесна стража пред одарот ќе одржат припадници на гардата на косовскиот заштитен корпус. Погребната церемонија во четврток ќе се одржи според протоколот на кабинетот на претседателот. Одборот за организација соопшти дека со нејзе ќе раководи Саљи Цацај, политичкиот советник на Ибрахим Ругова. Илјадници граѓани изминатите два дена чекаа во редици пред резиденцијата на претседателот во населбата Веланија во Приштина за да му изразат сочувство на семјството Ругова.

На погребната церемонија е најавено присуство на голем број позмнати личности од регионото и светот. Парламентот одржа комеморативна седница на која по едноминутниот молк, зборуваа претсефдателот на собранието Неџат Даци, шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен и премиерот Бајрам Косуми.

Неџат Даци нагласи дека Ругова беше творецот на едно движење кое кон крајот на деведесетите години преставувало прво и најголемо плуралистичко движење во источна Европа. Демократскиот сојуз на Косово беше најголемо политичко движење меѓу албанците воопшто, рече Даци и додаде:

„ Со целиот свој живот и дело беше во служба на народот на Косово. Неговата работа и ангажирање пртеставуваат главен столб и стабилна основа на слободно, независно и суверено Косово„

Шефот на УНМИК во покраината Сорен Јесен Петерсен со покојниот претседател со запознал во 1996 година. Тогаш, како што вели бил изненаден од постојансота на негобвата политичка визија и цврстината на целта на која и го посвети целиот живот, слободно Косово:

„ Ибрахим Ругова беше толку долго пресуден елемент на политиката на Косово, така што ни е тешко да ја замислиме покраината и политиката без него. Косово загби голем лидер„ рече Петерсен

„ Неговата визија за независно и суверено Косово е столб врз кој се гради европско Косово на иднината во постојано пријателство со САД„

По повод смрта на Ибрахим Ругова, комеморативна седница одржаа и претседателството на Демократскиот сојуза на Косово, академијата за наука и уметност и повеќе институции и организации. Одложен е и почетокот на преговорите меѓу Белград и Приштина кои беа закажани за 25 јануари, како и сите активности на институциите во покраината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми