1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На милиони Германци им се заканува старост во сиромаштија

7 септември 2011

На милиони Германци, проценува ОЕЦД, во староста им се заканува живот во сиромаштија. Германија во меѓународни рамки е во долниот дел на табелата направена според обезбедувањето за старост на лицата со мали заработувачки

Zunehmende Alterung bedroht Sozialsysteme
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Организацијата за економска соработка и развој потенцира дека стриктното врзување на висината на пензијата со висината на уплатените придонеси за пензија, доведува до тоа лицата со мали плати на стари години да бидат сиромашни. Со сиромаштија се соочени и оние што биле невработени, или се одлучиле да се грижат за децата наместо да работат. Освен тоа, ОЕЦД нагласува дека и голем број лица кои се самостојни претприемачи не се грижат доволно за осигурувањето за старост. Организацијата ги објави ваквите податоци еден ден пред средбата на германската министерка за труд Урсула фон дер Лајен со претставници на економијата, синдикатите и социјалните организации и здруженија, на која треба да се разговара за иднината на пензиското осигурување во земјата.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми