1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На народот на Косово му треба одлука за да ја планира иднината

13 август 2007

Во реакциите за посетата на меѓународната посредничка Тројка на Косово, се бара брзо решение за проблемот. Ќе имаат ли дипломатите успешна мисија?

Генерал Роланд КатерФотографија: COMKFOR

Германскиот генерал на КФОР, Роланд Катер ја повика меѓународната посредничка Тројка што побрзо да се донесе решение за статусот на Косово, поради граѓаните и нивната иднина. Катер во интервју за Германското радио одговара, дали има простор за преговори?

"Тешко е да се одговори ова прашање. Најважно за народот на Косово и за КФОР, по одбивањето на планот на последната резолуција во СБ, е решението за формирање на Тројката. Добро е што таа веднаш се реши да допатува во регионот, за да се искористи моментот и да се задржи динамиката на процесот. Верувам дека оваа порака, дека процесот не запира, но и дека нема да оди во бесконечност е многу важна за луѓето на Косово, но и за Белград. Не знаеме што ќе произлезе од тоа, ниту за содржината на предлозите, но се знае дека на 10 декември Генералниот секретар на ОН треба да поднесе извештај. Добрата вест е дека процесот продолжува. Лошата вест е што мислам дека 10 декември ќе биде уште еден датум од кој ќе има преголеми очекувања. Се прашувам дали тие очекувања ќе може да бидат исполнети. Но, овој пат можам да кажам едно: луѓето заслужија да добијат одлука. Потребна им е јасна ситуација за да може да си ја планираат иднината,” порача германскиот генерал Катер.

Поранешниот еврокомесар за надворешна политика и актуелен потпретседател на Меѓународната кризна група Крис Патен смета дека Тројката нема да придонесе многу во решавањето на косовскиот проблем. Патен во словенечкиот весник Дело пишува дека, поради фактот дека “Приштина категорично бара само независност, а Белград тоа го одбива, тројката ќе заврши таму каде што заврши и планот на Ахтисари – на мртва точка и неопходност да се гласа во СБ на ОН”. Поради ваквата ситуација според Патен, меѓународната заедница на крај ќе ја признае независноста на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми