1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Пакистан му е потребна итна помош

Кај Кустнер28 октомври 2008

Шефот на германската дипломатија, Штајнмаер побара од меѓународната заедница итна финансиска помош за Пакистан, за да се спречи економски колапс на државата. Тој во Исламабад се сретна со новиот претседател Зардари.

Штајнмаер и ЗардариФотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи го посети Пакистан во време кога земјата се соочува со два огромни и многу сериозни проблеми - тероризмот и финансиска криза. Токму поради тоа, Штајнмаер смета дека со неговата посета, всушност се испраќа важна политичка порака. „Сакаме да покажеме дека Германија го поддржува Пакистан, и тоа не само во добри, туку и во вистински бурни времиња. Свесни сме колкаво е значењето на Пакистан за безбедноста и стабилноста во регионот. Токму затоа сме овде.“

Пакистан е пред економски колапс

Според многу аналитичари, Пакистан е клучен за мирот во целиот регион, вклучително и за Авганистан. Поголемиот дел од набљудувачите се категорични дека атомска сила како Пакистан во која има огромна закана од екстремистите, не смее да се остави на цедило. Но, за повторно да застане на нозе, мора прво да се реши проблемот со државниот финансиски банкрот кој и‘ се заканува на земјата. За таа цел, Пакистан побара кредит од Меѓународниот монетарен фонд. Штајнмаер се понуди да помогне во овие преговори. „Сметам дека е неопходно, не за шест месеци или шест недели, туку веднаш да се обезбеди помош за земјата преку меѓународните финансиски организации,“ нагласи Штајнмаер.

Во Пакистан е зголемена заканата од тероризамФотографија: AP

Тероризмот е голем проблем

Причина за тешката економска ситуација е секако и влошената безбедност и зголемените закани од тероризам, поради што инвеститорите масовно си заминуваат. Од друга страна, во рамките на борбата против тероризмот, пакистанската армија веќе со недели во немирните погранични области води борби со Талибанците и другите екстремистички групи. Во разговорите со Штајнмаер, новиот пакистански претседател Зардари повторно нагласува дека тие немаат намера да попуштат во борбата против тероризмот, но дека чуствуваат отпор од народот и парламентот. Штајнмаер пак изјави дека Германија сака да го прошири ангажманот во развојната помош за Пакистан, особено во северниот и северозападниот дел на земјата. Токму тој регион се смета за проблематична зона во Пакистан, каде цути тероризмот. Севрозападниот дел се граничи со Авганистан и се смета за упориште на Талибанците и Ал Каида.

Инаку, министерот Штајнмаер од Пакистан замина за Саудиска Арабија, каде меѓу другото на агендата има средби и со Кралот Абдула.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми