1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

На повидок ли е самит Бајден-Путин за Украина?

СН/агенции
21 февруари 2022

Веројатно мал дипломатски успех во кризата околу Украина: по телефонските разговори со рускиот и со американскиот претседател, францускиот претседател Емануел Макрон предлага самит на највисоко ниво.

Дали евентуалната средба на двајцата претседатели може да донесе решение за украинската криза?
Дали евентуалната средба на двајцата претседатели може да донесе решение за украинската криза?Фотографија: AFP

Дали навистина ќе се сретнат претседателите на Русија и на САД - Владимир Путин и Џо Бајден? Според информациите од Елисејската палата во Париз, двајцата  претседатели начелно се согласиле  за самит за украинската криза предложен од  страна на францускиот претседател Емануел Макрон.

Сепак, првото ограничување доаѓа од Париз: Состанокот „може да се одржи само ако Русија не ја нападне Украина“, се вели  од Елисејската палата откако Макрон телефонски разговараше со  двајцата шефови на држави.

Цели три часа траеше разговорот меѓу Макрон и Путин- во две етапиФотографија: MIKHAIL KLIMENTYEV/SPUTNIK/AFP via Getty Images

Самитот би требало да го подготват  министрите за надворешни работи на САД и на Русија, Антони Блинкен и Сергеј Лавров, кои планираат да се сретнат во четврток.

Надеж за уште една недела дипломатија

Вчерапниот ден на Макрон мина целосно под знакот на телефонска дипломатија. Тој разговараше со Путин двапати - вкупно речиси три часа. Двајцата претседатели преговарале околу чекорите за прекин на огнот во источна Украина и за патиштата за дипломатско решение на конфликтот околу Украина. 

Макрон телефонираше и со канцеларот Олаф Шолц и нсо британскиот премиер Борис Џонсон. „Премиерот Џонсон и претседателот Макрон се согласуваат дека неделата што следи ќе биде клучна за дипломатијата“, соопштија од Даунинг стрит.

Живот со конфликт во украинското погранично село Хранитне

02:56

This browser does not support the video element.

Во нивната заедничка изјава Џонсон и Макрон наведуваат дека Путин мора да ги повлече своите војници од украинската граница и да ги прекине своите закани.

Според западни извори, Русија има распоредено околу 150.000 војници на границата со Украина, но Москва негира дека планира напад врз соседната земја.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми