1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Самитот во Софија му се заканува дебакл поради Косово

БГ
8 мај 2018

ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на самитот за Западниот Балкан, кој следната недела треба да се одржи во Софија. Во моментов, сите сигнали упатуваат на можна конфронтација, јавува агенцијата ДПА.

NATO Osterweiterung
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

Кавгата околу статусот на Косово ги засенува подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела. Проблемот е во тоа што пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година и сакаат тоа јасно да го стават до знаење и на самитот во Софија. Ништо не смее да биде интерпретирано на начин кој би укажувал дека независноста на Косово е општо прифатена.

За да го истурка самитот според првичниот план, ЕУ сега се обидува да го реши проблемот со дипломатски акробации. Па така, во завршната декларација од состанокот ќе треба да се говори за „партнери од Западниот Балкан“, а не за „држави од Западниот Балкан“, дознава германската агенција ДПА од извори во ЕУ. Дополнително, местата одредени за шефовите на влади и држави ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го бојкотира самитот во СофијаФотографија: Reuters/S. Perez

Со ваквите решенија, организаторите се надеваат дека ќе успеат да го спречат најавениот бојкот на земјите како Грција, Романија, Кипар и Словачка кои не ја признаваат независноста на Косово. Шпанскиот премиер Мануел Рахој, според најавите на дипломати, веќе решил да не учествува на самитот. Во Мадрид велат дека Рахој не сака да дозволи да биде фотографиран во близина на косовскиот претседател поради проблемите со сепаратистичкото движење во Каталонија.

Не се очекуваат конкретни резултати од Самитот во СофијаФотографија: Imago/R. Unkel

Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. Речиси е исклучено дека државите од Западниот Балкан од шефовите на држави и влади на ЕУ би можеле да добијат конкретно ветување за влез во ЕУ. Европската Комисија во својата неодамна објавена Стратегија ја наведе 2025 година како можен датум за прием на земји од Западниот Балкан, но веднаш се соочи со остри критики. Критичарите сметаат дека овие земји се многу далеку од исполнување на критериумите за влез во ЕУ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми