1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На свадбата на Хари и Меган ќе се јадат локални производи

ЕМФ
14 мај 2018

Готвачите во дворецот Виндзор се подготвени за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл. Менито се држи во тајност.

Royale Hochzeit: Meghan Markle sieht Prinz Harry verliebt an
Фотографија: Getty Images/E. Mulholland

Шефот на кујната Марк Фланаган вели дека сега подготовките се концентрираат на начинот на презентација на храната:

„Сѐ е нивна одлука. Ние само даваме сугестии, а двојката беше вклучена во сѐ, пробаа сѐ, запознати се со секој детал“.

Хари и Меган барале да бидат употребени што е можно повеќе локални производи. На денот на свадбата, 19 мај, во дворецот Виндзор ќе работат околу 30 готвачи - шефови и асистенти.

Менито сѐ уште не е објавено. Она што е познато е дека двојката нарачала торта со вкус на лимон и бозел во слаткарница во источен Лондон.

Хари и Меган лично пробале сѐ што ќе се јаде на свадбата

01:06

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми