1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

На фудбалот му требаат повеќе жени како Стефани Фрапар

Јоша Вебер
15 август 2019

Фудбалот, машка игра? Со децении беше така. Но жените одамна помагаат да се оформи спортот. Судењето на Стефани Фрапар во Суперкупот покажува дека е време жените да добијат и поголема улога, смета Јоша Вебер.

UEFA Super Cup - Liverpool vs Chelsea
Фотографија: Reuters/J. Sibley

Стефани Фалпар застана задишана пред линијата на шестнаесетникот откако претрча половина терен. Притоа не прикажува знаци на замор или паника, само смиреност. Тукушто поништи гол на Кристијан Пулишиќ со кој Челзи ќе поведеше со 2:0 и веројатно ќе го решеше исходот на мечот од европскиот Суперкуп против Ливерпул.
Но Фрапар и нејзините помошнички Мишел Онил од Ирска и Мануела Николози од Италија, го забележаа офсајдот на Пулишиќ. Фрапар мирно ја изигнорира реакцијата на американскиот интернационалец. Не дозволувај да те заплашат, покажи одлучност и сигурен говор на телото- француската судијка си ја знае работата. Во тоа немаше сомнеж ни пред мечот, а уште помалку по него.

И пред да го суди овој меч, 35-годишната судијка се сметаше за една од најдобрите во светот. Почна со судење на машки мечеви на 19-годишна возраст, меѓународни натпревари од 2011, а минатиот месец и финалето на Светското првенство во фудбал за жени. Сепак, поканата да го суди Суперкупот во Истанбул и го смени животот.
„Сега сум попозната“, вели Фрапар објаснувајќи што мисли за вревата околу неа и претераните реакции за „историскиот“ меч: „Фудбалот останува ист“.
Тоа што на бројни фудбалски фанови им е важно дали маж или жена ќе судат еден меч, кажува многу за најпопуларниот светски спорт. Тој беше, и остана, машки свет. Саботите на стадионите со децении им припаѓаат само на мажите, и тоа многу бавно се менува. И притоа, не се работи за Саудиска Арабија или Иран, туку за Европа, каде спортот ги доживеа ѕвездените моменти.
Но тврдините на овој мачо замок полека попуштаат. Бибијана Штајнхаус веќе суди во Бундеслигата, а Фрапар од сезоната ќе суди во француската прва лига. Женските гласови се се погласни од трибините,  жените заземаат се поважни позиции во клубовите, а бројни се и жените новинарки кои го следат спортот. Сето тоа и без споменување на бројните жени, без оглед дали во полицијата, во продавниците или во режијата кои овозможуваат да се ужива во играта. Жените се дел од спортот- вклучително и од машкиот- многу одамна, и покрај тоа што многу мажи одбиваат да го видат и признаат тоа.

Жената која им суди на мажи

01:24

This browser does not support the video element.

Јоша Вебер

Стефани Фрапар и нејзиниот тим имаа одличен настап, и тоа во еден тежок и исцрпувачки меч со многу драма, и покрај големиот притисок од јавноста. Во 84-та минута Фрапар поништи уште еден гол на Челси поради офсајд, и повторно беше во право како и во првиот случај. Нејзиниот пример покажува дека жените се подготвени за тешките предизвици. Веројатно е дојдено времето една жена да суди меч и на голем турнир- Еуро 2020 е прва добра шанса за тоа. Машката игра може само да профитира од спокоен и одлучен судија како Фрапар.
Можеби потоа, ќе падне и последното табу, имено жена на тренерската клупа на некој клуб или репрезентација. Зошто да не?

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми