1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На што мисли Меркел кога зборува за Европа?

Даниел Бреслер (Зиддојче цајтунг) / ЕМФ
16 мај 2019

Кога Меркел мисли на Европа, тогаш не се работи толку за нејзината лична иднина, колку што мора да се реши проблемот со Франција со која има различни ставови околу премногу прашања, анализира весникот „Зиддојче цајтунг“.

Belgien, EU-Gipfel in Brüssel
Фотографија: Getty Images/T. Roge

Ангела Меркел е загрижена за Европа, констатира весникот „Зиддојче цајтунг“ уште во првата реченица од текстот со наслов „На Берлин и Париз им е неопходен нов почеток“, во кој веднаш се додава дека од таа загриженост на канцеларката, како што самата изјавила за „Зиддојче цајтунг“, произлегува „зголемено чувство на одговорност“ да се грижи заедно со другите за судбината на Европа. Во текстот натаму се вели:

„'Зголемено' чувство значи нешто во јазикот на Меркел кој инаку е емоционално сиромашен. Прашањето е само: за што се работи? Можеби за долго посакуваната пријава за натамошна употреба на канцеларката во Брисел? За да се одговори на ова прашање, од помош е мал експеримент. Треба да се претстави дека Меркел го кажала спротивното. Дека рекла оти не се грижи за Европа и дека нема чувство дека во тоа мора да инвестира многу енергија. Би било многу јасно дека тоа значи: збогување со канцеларскиот кабинет. Шефица на германска влада која на неколку дена пред европските избори не би била во состојба да ја согледа сериозноста на ситуацијата во ЕУ и не би сметала дека има зголемена одговорност да се позанимава со проблемот, би била несоодветна за да ја извршува функцијата и натаму.

Повеќе:

ЕУ пред избор: нанапред или наназад?

Може ли ЕУ да заведе ред на Балканот?

Меркел го притиска Макрон за датум за Северна Македонија

 

Значи, ако Меркел воопшто дала информација за личните планови, тогаш само тоа дека и натаму има волја да ја извршува својата работа во Берлин, до крајот на мандатот. Во времето коешто ѝ е останато таа треба да го регулира своето европско политичко наследство. Една од нејзините заслуги е што ЕУ, која во евро- и финансиската криза дојде до амбисот, не падна во него. Но, ќе остане и нејзината соодговорност за длабоките пукнатини, кои до израз дојдоа на пример за време на бегалската криза. Меѓутоа, што на крајот ќе остане, ќе се одлучи по европските избори. Тогаш ќе мора зголеменото чувство на одговорност конечно да го преведе во зголемена волја за обликување.

Тогаш Меркел повторно ќе има збор. Во круговите на шефови на држави или влади нема никој кој би бил во состојба да посредува меѓу ривалските регионални и политички табори. И, нема никој кој врз основа на величината и релативното здравје на сопствената економија би можел да има барем приближно еднаква тежина. И токму тука е оправдано да се праша - што всушност значат боровите на Меркел? Со години го нема предусловот, кој рака на срце не е и доволен, но е апсолутно неопходен за компромис и напредок во ЕУ - единството на Германија и Франција.

Меркел негира дека има разијдување со францускиот претседател Емануел Макрон, но тоа речиси и не може веќе да се прикрива. Судир има по многу прашања - од извозот на оружје преку буџетски прашања сѐ до климата. Оттука, сигурно ќе претстои кавга околу тоа кој треба да ја заземе шефовската позиција во ЕУ. Меркел на крајот може сепак нешто да постигне во ЕУ, но тоа многу зависи од тоа дали ќе ѝ успее нов почеток со Макрон.

На тоа е обврзана, а не на функција во Брисел која не ја сака. Поранешниот канцелар Герхард Шредер ја оправдува својата блискост со шефот на Кремљ, Владимир Путин и неговата дејност во бизнисот со гасоводот со тоа дека станува збор за негов личен живот. Кога Ангела Меркел, по двојно подолго време поминато на канцеларската функција ќе се збогува од неа, на тоа има и тоа како право“, пишува „Зиддојче цајтунг“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми