1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Јужна Америка ѝ е доста од социјализмот

Јан Валтер/бг2 септември 2016

Левичарските политичари ги доживеаја своите ѕвездени мигови во 2000-те години во Јужна Америка. Нивните изборни ветувања, во меѓувреме, отидоа во неврат, заедно со државните економии.

Фотографија: Reuters/U. Marcelino

Сега веќе поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф е последната од редицата социјалистички лидери кои ја загубија власта. Лажниот шарм на социјализмот кој ја обзема Јужна Америка во минатата деценија не исчезнува само во Бразил. На почетокот на веков, левичарските партии на континентот извојуваа убедливи победи на парламентарните и претседателските избори: Лула да Силва во Бразил, Ево Моралес во Боливија, Нестор и Кристина Кирхнер во Аргентина.

Меѓу нив имаа и многу заеднички нишки: ветувањето за социјално праведни политики преку редистрибуција, заедничкиот троен непријател: капитализмот- САД-олигархијата, одредена доза национализам и култивацијата на култот на личноста во типичниот јужноамерикански „каудиљо“(силен политички лидер) стил.

Најекстремен е примерот на боливарската револуција во Венецуела против т.н. империјализам на Северот. Во 1998 година, Уго Чавез беше првиот лидер кој прогласи движење. Го нарекуваше социјализам на 21. век и со својата харизматична личност, израсна во легенда.

Кој е виновникот?

Чавез користеше недипломатски слогани за да ги напаѓа САД и Западот преку сојузништва со Иран и Куба. Изврши експропријација на имотот на домашните и западните компании, ја субвенционираше потрошувачката и градеше социјални станови. Севкупно, го правеше точно она што електоратот го очекуваше од него. Во Венецуела доби доволно поддршка за да победи на три едноподруго избори и да преживее обид за пуч.

Уго Чавез за многумина се уште е херојФотографија: DW/C. Chimoy

Во остатокот од континентот се ширеше верувањето дека империјализмот на САД и нивниот капитализам се виновни за широко распространетата сиромаштија во Јужна Америка. Луѓето беа занесени по идејата дека социјализмот ќе ги отстрани причините за нивните маки и ќе донесе просперитет.

Сѐ повеќе левичари победуваа на изборите, и во првите години имаше осетлив економски просперитет кој навистина го подобри животот на луѓето. Американскиот политички научник Кенет М. Робертс во една студија откри дека јазот во приходите во државите од Јужна Америка бил намален од 2000 до 2010 година, тоа намалување било далеку поизразено во земјите со социјалистичка влада. Во најголем дел тоа значеше масовна редистрибуција преку социјални програми, висока минимална плата и субвенционирани основни производи- како во Венецуела.

Кога во 2013 година почина Уго Чавез, сите јужноамерикански држави- со исклучок на Колумбија и Парагвај- беа под власт на социјалисти или социјалдемократи. Денес, три години по смртта на Чавез, и 18 години од доаѓањето на власт на неговите социјалисти, Венецуела е во распад. Гладта меѓу децата е на највисоко ниво од 1980 години, а политичката клима е загрозена од закани, шпионирање и насилство врз политичките опоненти.

Евтини суровини

Венецуела е екстремен пример. Но, ни другите земји со слична влада не минаа подобро. Она што им мина незабележано на многумина е фактот дека многу економии беа засновани на извоз на суровини. Во замена, се увезуваа брендирани производи од САД и ефтини производи од Кина. Приходите пресушија кога цената на суровините падна, а лошиот курс на валутите ги поскапе увозните производи.

Боливискиот претседател Ево Моралес на отворањето на Антиимперијалистичката воена школа на 17 август годинава.Фотографија: picture alliance/dpa

Од почетокот на кризата, левичарските партии во Јужна Америка, во најдобар случај, успеваат да обезбедат само тесно мнозинство. Но јужноамериканците се разочарани и поради тоа што открија дека оние кои се претставуваа како „претставници на обичните луѓе“ се исто толку корумпирани како и конзервативните елити.

Истото важи и за бразилската Работничка партија на Дилма Русеф. Нејзиниот пад почна долго пред да се испразнат паричните на Бразилците. Најпрво беше откриен Менселао скандалот во кој за корупција беа осудени високи партиски функционери поради купување гласови во парламентот. Дилма Русеф не беше директно вмешана во тоа, но како член на Надзорниот одбор на Петробрас, замижувала пред полнењето на клучните позиции со партиски луѓе. Сега, оваа полудржавна нафтена компанија е вплеткана во еден од најголемите скандали во историјата на Бразил.

Фактот што Русеф беше исфрлена од функцијата врз основа на недокажани обвинувања покажува колку во меѓувреме зајакнеле нејзините опоненти. Фактот дека мнозинството од Бразилците го поддржуваат, или во најмала рака толерираат, нејзиното отстранување покажува дека тие полека се будат од социјалистичкиот сон за праведен свет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми