1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неверниот маж се препознава според гласот?

21 март 2011

Жените кои имаат висок глас и мажите со подлабок глас се смета дека се повеќе наклонети кон неверство, соопштија канадски научници во најновата студија објавена во медицинското списание „Еволушонари сајколоџи“.

19.12.2008 DW-TV Projekt Zukunft Stimme
Длабокиот глас не е само симбол на мажевностФотографија: DW-TV

Испитаниците во текот на студијата слушале две верзии на електронски модифициран машки и женски глас. Научниците констатирале дека жените мислат дека мажот со подлабок глас има повеќе можности да биде неверен. Мажите изјавиле дека жените со висок глас имаат поголема шанса да ги изневерат.

Врската глас, неверство, хормони

Поврзаноста помеѓу гласот и неверството се објаснува со хормоните, сметаат научниците од Универзитетот Макмастер во Хамилтон. „Мажите со високо ниво на тестостерон (машки хормон) имаат подлабок глас, а жените со високо ниво на естроген (женски хормон) имаат висок глас”, изјави научникот Дејвид Фајнберг.

Неверството има цена

„Неверството има емотивна и финансиска цена, а често доведува до растурање на семејството. Поради тоа во текот на еволуцијата, научивме како да избегнеме потенцијално неверни партнери, што ни претставува некој механизам за заштита“, ни изјави научникот Џилијан О`Конор.

Автор: СБ/ AT/ бета/дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми