1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невообичаено: Меркел со јасен став!

27 август 2018

Канцеларката го искористи летното интервју за Првата програма на германска телевизија АРД за неколку невообичаено јасни констатации. Изгледа смета дека ситуацијата го бара тоа, смета Јенс Турау

Angela Merkel im ARD-Sommer-Interview
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Канцеларката и интервјуата се посебна тема. Ангела Меркел ретко дозволува увид во нејзините размислувања, најчесто само ги сумира дебатите и се воздржува од искажување лични ставови.

Но, по кавгите летово во коалицијата околу прашањето за политиката за азил, кога некои дури сметаа дека ќе дојде до расцеп на Унијата на ЦДУ и ЦСУ, Меркел одлучи да појадни неколку работи, особено што во изминатите недели повторно се развија неколку изненадувачки дебати во владата. Едно по едно: Меркел е против тоа пензиите до 2040 година да се стабилизираат на ниво од 48 проценти, како што бара СПД. Останува на тоа дека до 2025 година се гарантирани придонесите за пензии, а како ќе одат натаму нештата потоа ќе решава Комисија. Така стоело и во коалицискиот договор. „Да не ги правиме луѓето несигурни со такви изјави", вели Меркел.

Да се почитуваат одлуките на судовите

Тоа изгледа претходно го договорила со министерот за внатрешни Хорст Зехофер, кој истовремено во интеевју за Втората германска телевизија даде слична изјава. Натаму Меркел јасно го осуди попречувањето на работата на репортерскиот тим на ЗДФ од страна на полицијата за време на деснопопулистички протести во Дрезден. Таа го пофали извинувањето од тамошниот шеф на полицијата. Демократија било повеќе од почуствуваното мислење на мнозинството, вели таа и додава дека тука спаѓаат и заштитата на малцинствата, правото на слободно мислење и слободен печат. И кога сè повеќе политичари ги ставаат под прашање одлуките на судовите оти нив лично не им одговараат, Меркел јасно вели: „Ни мене не ми се допаѓа секоја судска одлука, но ги почитувам."

Јенс Турау, автор на коментарот

Всушност е тажно што канцеларката е приморана вакво нешто да каже јасно и гласно, но тоа е сепак добро. Дури и генералниот секретар на нејзината партија, Анегрет Крамп Каренбауер доби јасна порака од Меркел.

Крамп Каренбауер јавно го отвори прашањето за задолжителна „социјална година" за млади лица, па дури и враќање на обврската за воен рок. Меркел појасни дека задолжителниот воен рок нема да се врати никогаш. А, кога министерот за надворешни од редовите на СПД, Хајко Мас, бара да се расчистат работите со американскиот претседател Доналд Трамп, Меркел (и таа тоа го кажува со насмевка и целосна сталоженост) би немала ништо против.

„Моето наследство? Европа!"

Сето ова во неполни 20 минути интервју е зачудувачки јасно и гласно од Меркел. Изгледа сепак разбрала дека во времиња на поделби во општеството и на често збунувачки дебати, од канцеларката се очекува јасно да заземе став иако тоа е противречно на нејзината воздржана природа. На крајот не го избегна дури ни прашањето што треба да стои како наслов на нејзината кариера како канцеларка која веројатно ќе заврши 2021 година. Тоа што ја држела Европа во единство, и е особено важно на Меркел. Доволно тешко во моментов, па дури визионерски потфат. Сепак звучи одлучно со таквата изјава. Во ова интервју се разговараше малку за бегалската и азилантската политика. Други теми се повторно во преден план. На канцеларката тоа по лето со речиси паночни дебати, изгледа воопшто не и пречи.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми