Обилни врнежи од дожд во делови од Германија предизвикаа поплавени улици и објекти. Штети предизвика и силниот ветар. Посебно беше погодена покраината Северна Рајна Вестфалија.
Реклама
Поплавени улици, паднати дрвја и оштетени покриви - германската покраина Северна Рајва Вестфалија вчера попладне (29.05) беше погодена од обилни врнежи на дожд и силни ветришта. Најтешко погодени беа Вупертал и Ахен. Во повеќе места падна дожд колку што обично наврнува во еден месец. Пожарникарите и спасувачите беа во постојана акција.
Невреме во Северна Рајна Вестфалија
Поплавени улици, паднати дрвја и оштетени покриви - германската покраина Северна Рајна Вестфалија вчера попладне (29.05) беше погодена од обилни врнежи на дожд и силни ветришта. Најтешко погодени беа Вупертал и Ахен.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch
Вупертал под вода
Центарот на градот Вупертал се најде под вода - 70 сантиметри, што предизвика колапс на сообраќајот и јавниот превоз. За кратко време во градот наврнаа 100 литри вода на квадратен метар.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Otte
Урнат покрив на бензинска станица
Силните налети на ветрот предизвикаа пад на покривот на бензинска станица во близина на Вупертал. Во моментот на нејзиното уривање тука биле паркирани 14 возила, за среќа, нема потешко повредени и жртви.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Battefeld
Паднат покривот на зградата на Универзитетот во Вупертал
Дел од покривот на зградата на Универзитетот во Вупертал исто така беше урнат од вчерашното невреме. Штетите, според првичните проценки, се големи, но нема жртви. Од поплава е оштетено и приземјето на дел од универзитетскиот објект.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Otte
Поплавени продавници во Ахен
Во градот Ахен, поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе објекти, меѓу кои и трговски центри.Кратко време во делови од градот е предизвикан и прекин на електричната струја поради оштетена трафостаница. Пожарникарските служби примиле преку 450 повици за интервенција и помош.