Нобелова награда: Дали во 2020 ќе има повеќе жени лауреати?
Александер Фројнд
5 октомври 2020
Во времиња во кои се зборува многу за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се големи. Досега најчесто носители на наградата беа стари мажи, белци. Дали во 2020. тоа ќе се промени?
Реклама
Од 1901 година досега, покрај 25 организации, Нобелова награда добиле вкупно 923 различни научници, писатели и „поттикнувачи на мирот”. Типичниот Нобелов лауреат е маж, стар и белец. И така не е само во природните науки.
Речиси сите награди се отидени во Европа или САД, потоа со голема разлика следува Јапонија со 28, Австралија со 14, Индија со 12, Јужна Африка со 11 и Кина со 8 награди.
Големи разлики
Разликата помеѓу половите енајголема кога се во прашање наградите за наука, кои вообичаено ги добиваат стари мажи белци, што се објаснува со тоа дека науката традиционално била доминирана од мажи и дека често се наградувани научни откритија од пред повеќе години.
Меѓу наградените има едвај 54 жени, а тоа не се ни шест проценти. Марија Кири има двапати добиено награда - во 1903. за физика и осум години подоцна за хемија.
Инспиративни жени во науката
Многу жени претставуваат голема инспирација за младите научници, мажи и жени. Тие стојат позади големи откритија, често иако во нивните научни полиња владее сексизмот.
Марија Кири, родена во Варшава во 1903 година, е првата жена која што освоила Нобелова награда и е првата личност што освоила две такви награди. Во 1903 година, заедно со нејзиниот сопруг Пјер и физичарот Анри Бекерел освои Нобелова награда за истражување на радијацијата. Во 1911 година, Марија Кири повторно ја освои престижната награда за хемија за откривањето на радиумот и полониумот.
Фотографија: picture alliance/United Archiv
Раздвојување на двојната спирала
Розалинд Френклин никогаш не освои Нобелова награда, иако многумина веруваат дека заслужува. Френклин работела како рентгенски кристалограф и нејзините истражувања беа основа за откритието на Вотсон и Крик за двојната спирала на човековата ДНК, за која беа наградени со Нобелова награда за медицина.
Фотографија: picture-alliance/HIP
Insight into insulin
Британската биохемичарка Дороти Хоџкин разви кристалографски техники за истражување на структурите на биомолекулите и освои Нобелова награда за хемија во 1964 година и со тоа стана третата жена која освоила ваква награда. Пет години по добивањето на наградата Хоџкин беше првиот научник кој ја дешифрираше структурата на инсулинот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Leemage
Клеточна фонтана на младоста?
Елизабет Блекбурн ја освои Нобеловата награда за медицина во 2009 година за нејзиното истражување на теломерите. Блекбурн е еден од научниците кои го открија ензимот теломераза, кој овозможува регенерирање на теломерите. Теломерите се одговорни за клеточната делба, односно влијаат на процесот на стареење, а исто така можат да се користат во истражувањето на ракот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S.Merrell
Фрлање светлина на животот на шимпанзите
Џејн Гудал се смета за водечки експерт за шимпанза поради нејзиното децениско истражување на нивните социјални и семејни интеракции во Танзанија. Таа често ги именува животните со кои работи поради што се соочи со критика за антропоморфизација.
Фотографија: picture alliance/Photoshot
5 фотографии1 | 5
Вкупно 12 Нобелови награди за медицина, 5 за хемија, 3 за физика паднале во рацете на жени. Наспроти тоа, имало 17 за мир и 15 за литература, како на пример минатата година, кога полската писателка Олга Токарчук ја доби наградата за литература.
Освен тоа, минатата година француско-американската економистка Естер Дуфло ја доби Нобеловата награда за економија, што значи дека во 2019 од вкупно 15 наградени, две беа жени.
Спорни добитници
Нобеловата награда до денес важи за најпрестижна награда во дадените дисциплини, иако, особено во изминатите години, имаше спорни одлуки и скандали. Наградата е финансирана од фондацијата на , кој заработил многу пари со изумот на динамитот.
Особено спорни беа наградите за мир на Барак Обама, доделена по само девет месеци откако стана претседател на САД, потоа за лидерот на Палестинците, Јасер Арафат, или за „мировниот проект” ЕУ.
Махатма Ганди, симболот за ненасилна борба против неправда и угнетување, и покрај многу номинации никогаш не бил награден. Спорни се и наградата за литература за Финецот Емил Силанпа кого едвај некој го познава и чита, за Хари Едмунд Мартинсон, кој како член на Академијата такаречи самиот се награди и по доделувањето изврши самоубиство. така е и со минатогодишната награда за АвстриецотПетер Хандке, кој по мислењето на критичарите ги минимизирал или негирал воените злосторства од Србите во војната во Југославија.
Во природните науки малку од добитниците се спорни, секако и затоа што материјата е комплексна. Но, данскиот патолог Јоханес Гриб Фибигер во 1926 бил добитник на наградата за медицина за откритието дека мал црв предизвикува рак на желудник, што подоцна се покажало дека не е точно. Канаѓанецот Џон Меклеод во 1923 ја добил наградата иако во моментот кога вработени во неговиот институт го откриле инсулинот, тој бил на одмор.
Во 2002 Јапонецот Коичи Танака доби Новелова награда за хемија за развојот на процес со ласер кој само тој лично го користи.
2020 повеќе награди за жени?
Жените често биле во сенка на машките конкуренти, особено во научните дисциплини. Многу истражувачи жени кои имале значителен придонес на проектите наградени со Нобеловата награда, останале без признание.
Дел од нив секако се Лизе Мајтнер (откритие на ослободувањето енергија при поделба на атомите), Џоселин Бел Барнел (откривач на брзо ротирачките неутронски ѕвезди), или американската астрономка Вера Рубин, која во 1970-те прва пронајде одржлив доказ за постоењето на темна материја. Наместо тоа, за таа тема наградата ја добија тројца машки астрофизичари и тоа минатата година.
Врвни научници наместо квоти
Во времиња кога многу се зборува за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се особено големи. Структурно и во природните науки многу нешта се сменија во текот на изминатите години, па има и многу кандидатки кои повеќе од заслужено би добиле таква награда.
Нобелова награда за литература - не одеше секогаш „подмачкано“
Годинава, поради скандали со корупција и сексуални напади, Нобелова награда за литература нема да се доделува. Но и порано имаше проблеми и контроверзи во врска со ова најважно книжевно признание.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
Закани по живот: Салман Ружди
Романот на Ружди, „Сатански стихови“ (1988), иранскиот врховен верски поглавар, го сметаше за богохулство, па објави „фатва“, награда за главата на писателот. Ружди со години потоа мораше да се крие. Шведската академија тогаш не зазеде став, па двајца членови на жирито си дадоа оставки. Дури 27 години подоцна, Академијата ги осуди заканите.
Фотографија: Getty Images for Christian Dior Couture/N. Hunt
Доцно признание за „првенецот“ на Томас Ман
Кога Томас Ман ја доби наградата во 1929. година, тоа не беше за неговиот тогаш од печат излезен роман „Волшебен брег“, туку за неговиот дебитантски роман, „Буденброкови“, во тоа време стар 30 години. Жирито романот „Волшебен брег“ го сметал за „развлечен и флегматичен“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bifab
Не е литература, но сепак се силни зборови - Винстон Черчил
Британскиот премиер Винстон Черчил всушност бил кандидат за Нобелова награда за мир, двапати бил на листата. Во 1953. тој ја доби наградата, но - за литература. Жирито ја фалеше неговата историска и биографска книга за Втората светска војна поради „реторичката уметност со која ги бранел човековите права.“
Фотографија: picture-alliance/AP-Photo
Не смееше да ја прими наградата: Борис Пастернак
Советскиот автор, светски познат по неговиот роман „Доктор Живаго“, беше одликуван во 1958. Но, неговата влада му се закани со прогон ако ја прими наградата. Пастернак попушти, а Здружението на писатели го исклучи од своите редови. Сепак, Пастернак остана во Советскиот Сојуз. Неговиот син во 1989. година во Стокхолм го прими Нобеловиот медал на својот татко.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass
Ги сакал само парите: Жан-Пол Сартр
Во 1964. година Нобеловата награда требаше да ја прими францускиот драматург и филозоф Жан-Пол Сартр. Неочекувано, тој го одби признанието („Секоја награда создава зависност“.) Се зборува дека години подоцна, одоколу се распрашувал дали сепак не може да ги добие парите - 273.000 шведски круни. Но, ова е веројатно само измислена анегдота.
Фотографија: picture alliance/AP Images
„Тоа не е литература“: Дарио Фо
Тој е само „забавен уличен циркузант, а не автор од светска класа“, критикуваше револтираната литературна елита кога во 1997. година беше одликуван италијанскиот драматург Дарио Фо. Како сатиричар, тој возврати во свој стил. На својот говор во Шведската академија тој му даде наслов „ Против отворените улични циркузанти“ и свеченото доделување на наградата го претвори во сатирично шоу.
Фотографија: Vittorio Zunino Celotto/Getty Images
Премногу луѓе: Елфриде Јелинек
Австриската писателка Елфриде Јелинек не сакаше да присуствува на доделувањето на наградите, кога беше одликувана во 2004. година. Образложение: има страв од голема публика и ненадејната популарност. „Психички не сум во состојба лично да се соочам со ова,“ порача Јелинек, а жирито тоа мораше да го прифати. Сепак, Јелинек одржа говор, преку видео-порака.
Фотографија: Imago/Leemage/S. Bassouls
Не сакаше да зборува: Боб Дилан
Боб Дилан е прв музичар кој доби Нобелова награда за литература, во 2016. година. Музичкиот свет го славеше поради тоа. Но, Дилан се дистанцираше и се чинеше незаинтересиран за своето високо признание. Тој го откажа учеството на свеченото врачување и не испрати ни свој говор. Во март 2017. година сепак отиде накратко во Стокхолм и си го зеде својот медал.