1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Недозволена контрола на приватни меилови

ЖА
5 септември 2017

Оној кој приватно го користи интернетот на својот работодавач, не смее поради тоа да добие отказ, одлучи Европскиот суд за човекови права. Тужител беше еден романски инженер.

BG Deutsche Wörter, die es in andere Sprachen geschafft haben | Home-Office
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose

Претпријатијата немаат право неограничено да ја надгледуваат приватната електронска комуникација на своите вработени во канцелариите и целосно да го блокираат нивниот социјален живот. Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди Романија поради кршење на основното право на приватност. Процесот се водеше по тужба на Романец, кој бил отпуштен од работа, бидејќи преку службената имеил адреса од компјутер на својот работодавач испратил порака до својот брат и неговата свршеничка. Претпријатието ја снимило неговата коресподенција во текот на целата седмица, па и приватните пораки, без претходно да го информира својот соработник за постоење можност од таква контрола.

Пресудата се однесува директно само на Романија

Од аспект на судиите во Стразбур, ваквото однесување е недозволено. Според пресудата, на претпријатието му е оставена можноста за проверка на комуникацијата на своите вработени, но со исполнување на посебни предуслови, кои ги утврди судот. Основниот е неопходно претходно запознавање на соработниците за можноста и размерите од вршење контроли. Освен тоа, потребно е постоење легитимна причина за вршење надзор, а на крајот треба да се земат во предвид и поблаги контролни мерки, како и можноста да следуваат помалку драстични консеквенци од давањето отказ. Одлуката се однесува директно само на Романија, но и Германија, како членка на Советот на Европа, како и останатите, треба да се придржуваат на неа, доколку не сакаат да ризикуваат слична казна.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми